Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак
Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од омилените десерти.

Дали некогаш сте направиле домашно тирамису?
Постојат многу рецепти и, без оглед за кој и да се решите, нема да згрешите, зашто вкусот на овој десерт е совршен, а колачот се топи во устата.
Прочитајте го овој рецепт, можеби ќе се инспирирате да го подготвите уште денес.
Потребни состојки:
- 4 жолчки од јајца
- 100g шеќер
- 500g маскарпоне сирење
- 200ml слатка павлака
- 250ml еспресо кафе
- 400g пишкоти
- Какао за посипување (горчливо)
Начин на подготовка:
- Матете ги јајцата во длабок метален сад над пареа додека не добиете пенеста смеса, па оставете накратко да се оладат.
- Додајте го маскарпонето во изматените јајца па спојте ги двете смеси заедно.
- Изматете ја слатката павлака на страна, па додадете ја во кремот од маскарпоне и јајца, но спојте ги двете смеси со лажица, рачно.
- Потопете ги пишкотите во подготвеното еспресо само 1-2 секунди, па наредете ги на дното на садот во кој ќе го ставите колачот.
- Ставете половина од кремот и посипете со какао (преку цедалка).
- Повторете ја постапката уште еднаш, со тоа што, вториот фил може да ви биде мазно распределен врз пишкотите или да го нанесете со шприц за торти (како во видеото).
- Најгоре повторно посипете го тирамисуто обилно со какако, па оставете да се стегне најмалку 4 часа или, по можност, преку ноќ.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Турски рецепт за раванија со кокос, десерт за целото семејство
Љубителите на раванија или на колачите со шербет без сомнение ќе уживаат во овој...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
-->
