7 едноставни рецепти за здрав појадок
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Фризеркa 28-05-2020


7 едноставни рецепти за здрав појадок

Ако не сте махер во кујна, не значи дека секој појадок треба да ви биде едноличен.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-01.jpg

Постојат безброј рецепти за вистински деликатеси, за кои не ви е потребно никакво искуство со готвење.

Уште подобро е што постојат и многу здрави рецепти кои нема да ѝ наштетат на вашата фигура.

Во продолжение погледнете неколку лесни предлози за здрав појадок:

Двопек со зеленчук и сирење

Потребни состојки:

  • 2 парчиња интегрален леб
  • 2 лажици крем-сирење
  • 4 чери домати
  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица свежи зачини по желба
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Потпечете го лебот во рерна или во тостер за двопек и намачкајте го со крем-сирење.

Во еден сад измешајте ги шери доматите пресечени на половина, исечканото авокадо и зачините. Додајте и сол и бибер.

Ставете го зеленчукот на парчињата леб и уживајте во појадокот.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-02.jpg

Полнети јаболка

Потребни состојки:

  • 2 јаболка
  • 140 грама јаткасти плодови по желба
  • Малку мед
  • Цимет

Начин на подготовка:

Измијте ги јаболката и издлабете ги.

Исечкајте ги јаткастите плодови и додајте им цимет.

Наполнете ги јаболката со јатките и додајте мед по желба. Ставете ги јаболката во микробранова, околу 3-5 минути.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-03.jpg

Пржени јајца во авокадо

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • 2 јајца
  • Малку кашкавал
  • Свежи зачини по желба

Начин на подготовка:

Измијте го авокадото и пресечете го на половина. Отстранете ја семката и малку од средината, за да направите место за јајцето.

Во секоја половина скршете едно јајце и додајте сол, бибер и свежи зачини. На крај додајте го изренданиот кашкавал.

Печете во рерна на 180 степени, околу 10-15 минути.

7-ednostavni-recepti-za-zdrav-pojadok-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Посна, полнета погача - идеална за да си ја понесете на работа за појадок На сите ни е смачено да мислиме што ќе јадеме на работа денес, а дилемата се оте...
Готов за 15 минути: Џем од јагоди кој ќе ве врати во детството Јаготки кои се мачкаат на леб – појадок, ужинка и вечера која честопати знаевме ...
Брз оброк: Вкусна салата со врат и сирење Како што се покачуваат температурите, така нас ни се намалува апетитот на топло,...

Спонзорирани линкови: