Четири рецепти со кои ќе го искористите стариот леб

Крутони со магдонос

Потребни состојки:

  • 100 ml масло (можете да користите и путер или маргарин)
  • 200 g леб исечен на мали коцки
  • Прстофат сушен магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото и во тавата додајте ги лебот и магдоносот. Пржете додека лебот не добие златно жолта боја.

Тргнете ја тавата од оган и ставете ги крутоните на хартија за да се исцедат од маслото.  По желба може да додадете и други состојки.

4-recepti-so-koi-kje-go-iskoristite-stariot-leb-04.jpg

Француски тост

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажица павлака
  • 1 лажица јаворов сируп или мед
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 25 g несолен путер

Начин на подготовка:

Во плиток сад изматете ги јајцата, павлаката, јаворовиот сируп и екстрактот од ванила.

Растопете го путерот во голема тава на среден оган.

Секое парче леб потопете го во смесата од јајца од двете страни.

Пржете ги парчињата по една минута на секоја страна, додека не добијат златно-кафеава боја.

4-recepti-so-koi-kje-go-iskoristite-stariot-leb-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...

Најчитани неделава