Тост лепчиња со намаз од авокадо, јајца и сланина – совршен протеински оброк за сите кои се хранат здраво
Во потрага сте по оброк кој ќе ве засити, а сакате да биде полн со протеини и здрави масти? Го имаме вистинскиот рецепт за вас – црно лепче, со намаз од авокадо, јајце „на око“ и крцкава сланина.

Единечна порција содржи околу 380 калории, 26g масти, 20g протеин и 19g јаглени хидрати од кои дури 9g растителни влакна.
Потребни состојки:
- 1 големо, зрело авокадо
- 1 лажица сок од лимон
- Сол и бибер по вкус
- 4 јајца
- 4 парчиња црн тост леб (со цели зрна)
- 4 парчиња сланина
- Шери домати (по желба)
Начин на подготовка:
- Изгмечете го авокадото со помош на виљушка и додадете го сокот од лимон и сол по вкус.
- Испржете ги јајцата на око на сосема малку масло на средно висока температура.
- Откако ќе ги зготвите јајцата испржете ја и сланината додека не стане крцкава.
- По желба, потпечете ги лепчињата доколку сакате крцкав вкус.
- Врз секое од нив ставете од намазот од авокадо. Врз секое лепче ставете по едно пржено јајце и зачинете по вкус. Додадете и сланина и шери домати, по желба.
- По желба може да додадете и повеќе зачини, како лук и кромид во прав, копар, како и други состојки како лут сос, пармезан итн.



(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...