Одличен есенски десерт - вкусни колачиња од тиква

Славица е љубител на убава храна и готвење, а нејзините вкусни рецепти може да ги најдете на нејзиниот Инстаграм профил @fresh_fine_divine. Со нас сподели рецепт за вкусни колачиња од тиква.

sovrsheniot-esenski-desert-vkusni-kolachinja-od-tikva01.jpg

Боите на есента често ја разгалуваат душата... Најавуваат нова сезона полна со различни вкусови.

Шетајќи по зелениот пазар, наидов на тезга, на која примамливо беа наредени дел од плодовите на есента. Веднаш знаев дека за денес ќе подготвам колачиња од тиква.

За овој рецепт ни се потребни:

  • 1 шолја пире од тиква (тиквата се вари и се пасира)
  • 2.5 шолји овесни снегулки
  • 50г сецкани ореви
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/1 лажичка мускатно оревче
  • 2 лажици мед

Подготовка:

  • Сите состојки измешајте ги така што ќе формирате хомогена смеса спремна за обликување.
  • На тавче обложено со мрсна хартија ги редите претходно формираните топчиња. Потоа налегнете ги со рацете да добиете форма на колаче.
  • Печете на 180 степени околу 15 минути.

Се надевамe дека ве инспириравме да влезете во кујна и да направите магија за вас и вашите блиски. 

sovrsheniot-esenski-desert-vkusni-kolachinja-od-tikva-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Кралски готвач го открива омилениот појадок на принцезата Дијана – денес е популарен, здрав и лесен ... Омилениот појадок на принцезата Дијана од пред 30 години, денес е многу популаре...
Рецепт за божиќни распукани колачиња од чоколадо – за празничната сезона Овие распукани чоколадни колачиња се прават лесно, а во празничната сезона убаво...
Сите „полудеа“ по виралниот јапонски чизкејк - Дали вреди да се проба? Невозможно е да имате социјални мрежи, а ниеднаш да не сте го виделе рецептот за...

Најчитани неделава