Кралски готвач го открива омилениот појадок на принцезата Дијана – денес е популарен, здрав и лесен за почетокот на денот
Омилениот појадок на принцезата Дијана од пред 30 години, денес е многу популарен, се подготвува лесно и е здрав. Како да си го подготвите и вие по рецепт на нејзиниот кралски готвач?

Речиси 30 години по трагичната смрт на принцезата Дијана, која важеше за омилена кралска личност меѓу народот, нејзиниот готвач го откри појадокот кој ѝ бил омилен.
Сега овој оброк се смета за фенси, инфлуенсерски и е многу популарен во светот на здравата храна, а таа го консумирала многу пред да постојат социјални мрежи и вакви оброци на продажба.
Поранешнот кралски готвач, Дерен МекГрејди, на својот Јутјуб канал открива дека таа го јадела овој појадок речиси секој ден во Кензингтонската палата.

Станува збор за овесна каша, отстојана и покисната преку ноќ, оброк кој е полн со протеини и нутритивни состојки и важи за еден од најздравите.
Потребни состојки (за 2 порции):
- 1 шолја овес
- 1 шолја свежо цеден сок од портокал
- 1 шолја грчки јогурт
- 1 лажица мед
- ¼ лажичка цимет
- ½ јаболко
- 1 цеден лимон
- 1 шолја свежи боровинки
- ½ шолја тостирани ореви
Начин на подготовка:
- Додадете го сокот од портокал во овесот, мешајте и поклопете со капаче, па оставете во фрижидер преку ноќ.
- Додадете го грчкиот јогурт, медот и сокот од лимон па измешајте.
- Изрендајте го јаболкото и измешајте го во кашата, а потоа измешајте и половина од боровинките.
- На крај севирајте со остатокот боровинки најгоре и со ореви.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело