Одлично летно мезе – освежувачки раженца од диња, пршута и моцарела
Во потрага сте по лесен и едноставен рецепт кој ќе ви одземе помалку од 5 минути, а ќе ги задоволи вкусовите на речиси сите? Го имаме совршениот предлог – раженца со диња, моцарела и пршута.

Освен што вкусот е божествен, тие изгледаат одлично, мирисаат прекрасно, па дефинитивно ќе задоволите неколку сетила истовремено.
Потребни состојки:
- 1 диња
- 12 ливчиња свеж босилек
- 12 моцарела топчиња
- 12 парчиња пршута
- Балсамико крем оцет
- Дрвени стапчиња за раженца
Начин на подготовка:
- Исечете ја дињата и исчистете ја од семките. Со помош на мала метална алатка, извадете 24 топчиња од дињата (доколку немате ваква алатка, слободно може да исечкате мали коцки).
- На стапчето за раженца почнете со „нижење“ – слој диња, ливче босилек, топче или парченце моцарела, пршута и повторно завршете со парче диња.
- Попрскајте ги раженцата со балсамико оцет и сервирајте веднаш.



(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза
Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста
Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Кифлички со маслинки и морков по турски рецепт - ќе ги обожаваат сите
Турските јадења и рецепти се многу прифатени и во нашата кујна, па можеби веќе и...
Рецепт за домашно слатко од лубеница - гостите ќе го обожаваат
Не ја фрлајте кората од лубеницата, туку искористете ја за да го направите најуб...