Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста
Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да ги фрлате, искористете ги за да направите вкусен колач.

Кога бананите што сте ги купиле ќе почнат да добиваат кафеави дамки, да омекнуваат и да се сушат или скапуваат, време е да ги покажете вашите кулинарски способности и да направите вкусен колач.
Начинот на подготовка е брз и лесен, единствено самото печење трае подолго, околу 1 час.
Но, уште по првиот залак ќе почувствувате вистинско задоволство.

Потребни состојки:
- 3 презреани банани + 1 за одозгора
- 220g брашно
- 125g несолен путер
- 240g кафеав шеќер
- 1 лажичка ванила
- 1 лажичка прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 1 лажичка цимет
- 2 јајца
- 200g чоколадни топчиња

-->
-->
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175°C, а калапот за колачот (23x13cm) премачкајте го со малку масло и брашно.
- Изгмечете ги трите банани со виљушка.
- Во садот додајте го стопениот путер, шеќерот, јајцата и ванилата, па убаво измешајте.
- Во друг сад соединете ги брашното, прашокот за печиво, солта и циметот, па постепено додавајте ги во влажната смеса.
- На крај ставете ги и чоколадните топчиња.
- Истурете ја смесата во калапот, одозгора ставете ја четвртата банана пресечена по должина, па печете околу 60 минути.
- Оставете колачот убаво да се излади пред да го послужите.

-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
