Рецепт за домашно слатко од лубеница - гостите ќе го обожаваат
Не ја фрлајте кората од лубеницата, туку искористете ја за да го направите најубавото летно слатко.

Ако го фрлавте белиот дел од кората од лубеница, престанете да го правите тоа и искористете го за да направите домашно слатко од лубеница, направено од топчиња од црвени и бели делови.
Кога во слаткото ќе додадете и малку ванила, вкусот ќе биде совршен.
Гостите ќе го обожаваат, но и домашните нема да останат имуни на неговиот вкус.
Забелешка: од оваа количина излегуваат 3 мали теглички слатко.
Потребни состојки:
- 1kg топчиња од лубеница (бел и црвен дел - затоа ви треба лубеница со подебела кора)
- 1kg шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 кесичка лимонтус
- 400ml вода
- По желба: парче лимон за во секоја тегла
Начин на подготовка:
- Со лажица за диња (како лажица за сладолед, но мала), извадете топчиња од внатрешноста на кората од лубеницата - користете ги и црвениот и белиот дел.
- Ставете ги топчињата во тенџере, покријте ги со ладна вода и оставете да зоврие.
- Кога водата ќе зоврие, процедете ја, па повторно налејте ладна вода. Повторете ја постапката со вкупно 9 води.
- Во меѓувреме, подгответе го сирупот. Ставете ги шеќерот и ванилата во длабок сад , прелијте ги со 300ml вода.
- Гответе на средна температура околу 10 минути, без мешање. Ако треба, само протресете го тенџерето.
- Проверете ја густината на сирупот со лажица, и ако не е доволно густ, гответе уште неколку минути.
- Во сирупот додадете ги подготвените топчиња од лубеница.
- Во 100ml вода ставете ја кесичката лимонтус и кога ќе се стопи, истурете ја во тенџерето со слаткото.
- Гответе на средна температура додека сирупот повторно не се згусне.
- Пената ќе биде минимална, но ако се појави, отстранете ја со лажица.
- Кога ќе биде слаткото готово, покријте го тенџерето со влажна кујнска крпа и оставете го преку ноќ за да се излади природно и да се соединат вкусовите.
- Следниот ден, претурете го во чисти, стерилизирани тегли, во кои, по желба, можете да ставите тенко парче лимон, кој ќе му даде дополнителна арома.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста
Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Рецепт за меки, шарени земички - идеални за појадок или вечера
Можете да ги јадете само така, или да ги користите за сендвичи - што и да решите...
Летна манџа со домати и пиперки - најслаткото јадење кога сте гладни
Легендата вели дека во лето, кога некое дете на Балканот ќе каже дека му се јаде...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
