Летна манџа со домати и пиперки - најслаткото јадење кога сте гладни
Легендата вели дека во лето, кога некое дете на Балканот ќе каже дека му се јаде мајка му ќе му направи летна манџа, по рецептот што го дознала од својата мајка или баба.

Замислете си само - сечкани домати, пиперки, малку кромитче за вкус и сето тоа споено со јајца.
Додека од ова јадење мацкате со лепче, сигурно си мислите дека поубаво јадење никогаш не е измислено.
Вкусот на детството, рецептот што се пренесува од баба на мајка, па на ќерка - едноставно, оваа летна манџа е толку добра, што буквално ќе излижете прсти.
Потребни состојки:
- 5 поголеми зелени пиперки
- 300g домати
- 3-4 јајца
- 1 мала главица кромид (по желба)
- масло за пржење
- малку вода
Начин на подготовка:
- Измијте ги пиперките, исчистете ги од семето и исечкајте ги на ситни парчиња.
- Доматите измијте ги па исечкајте ги на ситно, а на ситни резанки исечкајте го и кромидот (доколку решите да ставите за поинтензивен вкус).
- Прелијте ги со малку вода па оставете ги да се крчкаат на загреана рингла.
- Кога водата ќе испари, а зеленчукот е омекнат, ставете малку масло за да се запржат.
- Изматете ги јајцата и ставете ги во зеленчукот.
- Мешајте 1-2 минути за да се испржат јајцата и летната манџа е готова.
- Послужете ја со сирење, по вкус.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
-->
