Најбрзиот рецепт за чоколаден чизкејк од само 4 состојки
Кој е вашиот омилен рецепт за брза торта? Оваа торта ќе сакате да ја подготвувате секој ден, затоа што се прави мошне лесно, а потребни ви се само 4 состојки.

Оваа брза торта, веднаш ќе ви стане меѓу омилените. Лесно се подготвува, не ви се потребни премногу состојки, а одлична е затоа што не се пече и нема јајца, па може да ја приготват дури и оние што се аматери во кујната.
Во продолжение погледнете како да го подготвите најбрзиот чизкејк од само 4 состојки.
Потребни состојки:
- 500g крем сирење;
- 250g мелени бисквити;
- 400g чоколаден крем;
- 100g путер.
Начин на подготовка:
- Во тенџере се става вода да се загрее и врз него во друг подлабок сад се става путерот да се стопи на пареа и се додава една лажица чоколаден крем;
- Во готовата смеса од путер и крем се ставаат мелени бисквити и се мешаат;
- Од смесата се прави кора за чизкејкот, која се става во обложен калап за торта, па се става да се олади во ладилник;
- Во подлабок сад се става чоколадниот крем и му се додава крем сирењето, па двете состојки се мешаат со миксер додека не се изедначат;
- Готовиот крем се става врз оладената кора и тортата се враќа во ладилник, додека сосема да се олади;
- По желба тортата можете да ја декорирате со чоколаден прелив од стопена чоколада.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...