Кои намирници се безбедни за јадење кога имате киселини во стомакот?
Пилешко и мисиркино месо
За многу луѓе, токму месото е храна што предизвикува киселини.
Но, пилешкото и мисиркиното месо можат да помогнат во овој случај.
Ако имате киселини, многу е важно како го приготвувате ова месо – немојте никако да јадете пржено бидејќи само ќе си ги влошите проблемите со стомакот.
Диња
Како бананите, и дињата има ниско ниво на киселини.
И лубеницата спаѓа во оваа категорија.
Морски плодови
Морските плодови се добар избор за оброк богат со протеини кога имате киселини.
Но, исто како месото, немојте да ги пржите, туку јадете ги печени.
Магдонос
Магдоносот може да ги ублажи непријатните симптоми што ги предизвикуваат киселините.
Всушност, магдоносот е добар и за иритиран стомак и гадење.
Која храна треба да ја избегнувате кога имате киселини?
Најпрво, слушајте го вашето тело. Ако сте забележале дека некои намирници ви предизвикуваат киселини, тогаш избегнувајте ги, особено кога чувствувате симптоми.
Други намирници кои треба да ги избегнувате кога имате киселини се чоколадо, цитрусно овошје, домати, зачинета храна, алкохол и пијалаци со кофеин.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





