Намирници кои можат да ви помогнат кога имате констипација

Сировите, но и сувите сливи се храна која ги ублажува симптомите на констипација (запек), а истото важи и за кафето. 

namirnici-koi-mozhat-da-pomognat-koga-imate-konstipacija-01.jpg

Констипацијата е честа состојба која се јавува на секоја возраст, а причини има безброј.

Во повеќето случаи, констипацијата не е знак за сериозен проблем. Но, ако трае неколку дена, имате силни болки или забележите крв, препорачливо е да одите на лекар.

Најчесто констипацијата настанува при промена на исхраната или секојдневната рутина. Поради ова, и патувањата се период кога многу луѓе се соочуваат со констипација.

Друга причина може да биде и недоволниот внес на хранливи влакна или вода.

Покрај лекови, постојат и намирници кои можат да бидат од помош кога сте соочени со констипација.

Дел од нив во продолжение:

Круши

Генерално, повеќето видови овошје се погодна храна за констипација бидејќи имаат многу хранливи влакна, но и вода.

Крушите, како и сливите и јаболката, имаат многу хранливи влакна во нивната лушпа  и препорачливо е да ги јадете сирови.

namirnici-koi-mozhat-da-pomognat-koga-imate-konstipacija-02.jpg

Пуканки

Пуканките изобилуваат со хранливи влакна, а притоа имаат малку калории.

namirnici-koi-mozhat-da-pomognat-koga-imate-konstipacija-03.jpg

Бадеми

Бадемите ја поттикнуваат дигестијата и можат да ги намалат симптомите на констипација.

Само важно е да не претерувате со нив и да ги консумирате со многу вода.

namirnici-koi-mozhat-da-pomognat-koga-imate-konstipacija-04.jpg

Лубеница

Лубеницата нема многу хранливи влакна, но затоа, пак, најголем процент е вода.

Ова може да ги олесни симптомите на констипација.

namirnici-koi-mozhat-da-pomognat-koga-imate-konstipacija-05.jpg

Овес

Овесот го поттикнува празнењето на цревата, а ја подобрува и дигестијата.

namirnici-koi-mozhat-da-pomognat-koga-imate-konstipacija-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“ „Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат з...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...

Најчитани неделава