Намирници кои можат да ви помогнат кога имате констипација
Суви сливи
Покрај свежите, и сувите сливи се одлична храна при констипација.
Покрај хранливите влакна, тие содржат и сорбитол – состојка која се смета за природен лаксатив.
Кафе
Се претпоставува дека кафето ги стимулира контракциите на дебелото црево.
Па, ова го прави одличен пијалак ако се соочувате со констипација.
Портокали
Портокалите можат да ја подобрат дигестијата, а имаат и состојка која може да делува како природен лаксатив.
Спанаќ
Спанаќот има хранливи влакна, но има и магнезиум кој може да ги ублажи симптомите на констипација.
Интегрален леб
Ако често имате проблеми со констипација, препорачливо е да го замените белиот леб со интегрален.
Оваа храна е полна со комплексни јаглехидрати и хранливи влакна, а има малку масти, па може и да ја спречи појавата на констипација.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





