Штетни комбинации на храна кои многумина ги прават, а треба да се избегнуваат

Јајцата и сланината се популарни намирници за појадок, но, препорачливо е да се избегнува оваа комбинација. И двете намирници се богати со протеини и се тешки за стомакот, при што ќе им биде потребно повеќе време да се сварат.

shtetni-kombinacii-na-hrana-koi-mnogumina-gi-pravat-a-treba-da-se-izbegnuvaat-01.jpg

Вообичаено сите комбинираме две или повеќе намирници за да ја зголемиме хранливата вредност, но и вкусот на храната. Сепак, треба да се има предвид дека одредени видови храна мора да се консумираат посебно, бидејќи бараат различно време за варење.

Стомачна болка, надуеност, гасови и непријатност – сето ова може да биде резултат од погрешно комбинирана храна.

Кои комбинации на храна може лошо да се одразат врз вашето здравје?

Компири и протеини

Скробот и протеините не се мешаат добро, бидејќи им се потребни посебни ензими за варење, преоптоварувајќи го системот.

Компирите збогатени со протеини можеби се вкусни, но предизвикуваат варењето да трае подолго.

Риба и млеко

Можеби за ова сте слушнале и порано, но многумина сè уште го практикуваат. Според принципите на Ајурведата, моќта на овие намирници е различна.

Млекото е ладно, а рибата топла, што влијае на циркулацијата на крвта. Така, тие не треба да се консумираат заедно.

shtetni-kombinacii-na-hrana-koi-mnogumina-gi-pravat-a-treba-da-se-izbegnuvaat-02.jpg

Пица и газирани пијалаци

Иако оваа комбинација им е омилена на повеќето, сепак, истата треба да се избегнува. Пицата е богата со протеини и јаглехидрати. Затоа, во процесот на варење користи голем дел од енергијата на телото.

Од друга страна пак, пиењето газирани пијалаци го забавува процесот на варење. На крај, ова доведува до проблеми поврзани со желудникот.

Две намирници со високо ниво на протеини

Јајцата и сланината се популарни намирници за појадок, но, препорачливо е да се избегнува оваа комбинација. И двете намирници се богати со протеини и се тешки за стомакот, при што ќе им биде потребно повеќе време да се сварат.

shtetni-kombinacii-na-hrana-koi-mnogumina-gi-pravat-a-treba-da-se-izbegnuvaat-07.jpg

Овошје со главен оброк

Телото може лесно да го свари овошјето, но за оброкот, овој процес може да потрае подолго. Затоа, овошјето не треба да го консумирате со главниот оброк или веднаш по него.

Овошје и јогурт

Комбинацијата на јогурт со овошје не е добра идеја, бидејќи желудникот го вари јогуртот со многу различно темпо.

Јогуртот има многу бактерии кои делуваат на присутниот шеќер во овошјето, а од друга страна, киселините кои ги содржи овошјето ќе го попречат варењето на јогуртот.

Иако комбинацијата може да има одличен вкус, сепак, препорачливо е да уживате во секоја храна посебно.

shtetni-kombinacii-na-hrana-koi-mnogumina-gi-pravat-a-treba-da-se-izbegnuvaat-05.jpg

Храна која не би требало да ја консумирате со портокали

Општопознато е дека портокалите се богати со витамин Ц кој ги прави одлични за нашиот имунитет. Но, нивното консумирање со одредена храна може да предизвика непријатност, па во продолжение погледнете која храна не би требало да ја консумирате со портокалите со цел да избегнете дополнителни непријатности.

Банани – Консумирањето банани со портокали може да предизвика дисбаланс во варењето, особено кај личностите кои страдаат од стомачни заболувања.

Житарици и млеко – Ако имате навика да додавате портокали во чинијата за појадок со млеко и житарки, имајте предвид дека тоа може да доведе до киселински реакции и да влијае на варењето.

Мешунки – Киселоста на портокалите во комбинација со одредени мешунки може да доведе до дигестивни непријатности и да го отежне варењето

Многу зачинета храна – Зачинетите јадења во комбинација со киселоста на портокалите, може да ги влошат дигестивните проблеми, а исто така може да предизвика и болка во случај на чир на желудникот.

Масна и пржена храна – Многу масната и пржена храна, комбинирана со киселоста на портокалите, може да доведе до проблеми со варењето

Кофеин – Кафето или црниот чај, консумирани со портокали, може да предизвикаат вознемирување на стомакот или да ја влошат состојбата кај луѓе кои имаат чир на желудникот.

Алкохол – Комбинација од портокал и алкохол може да го иритира стомакот.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...
Зошто не треба да се откажете од омилената храна, дури и кога сакате да ослабите? Правењето листа на храна што не треба да ја консумирате не е паметно за одржувањ...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg