Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?)

Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. Пилешкото станува опасно за здравјето... Која храна треба да избегнувате да ја ставате во микробранова печка?

hrana-shto-ne-treba-da-se-podgreva-vo-mikrobranova-pechka-i-zoshto-01.jpg

Микробрановата печка е спас за голем број домаќинки, коишто сакаат по брза постапка да ги подгрејат остатоците од храна или да подготват нешто брзо...

Но, одредени продукти не се препорачува да се ставаат во микробранова печка, затоа што може да го уништат уредот, или пак под влијание на радијацијата да произведат супстанци што се штетни по здравјето.

Дали знаете која храна не треба да се подгрева во микробранова печка и зошто?

Месо, пилешко месо

Процесираното месо содржи презервативи што, под влијание на електромагнетската радијација може да се претворат во опасни хемикалии, како оксидиран холестерол, па било утврдено дека при подгревање на пилешко и телешко месо нивото на ваков штетен холестерол се зголемува и за двапати.

hrana-shto-ne-treba-da-se-podgreva-vo-mikrobranova-pechka-i-zoshto-02.jpg

Риба

Ако се обидете да подгреете риба во микробранова печка, тоа најверојатно ќе биде искуство што нема да сакате да го повторите.

Прво целиот стан ќе замириса, а рибата станува сува и тврда.

hrana-shto-ne-treba-da-se-podgreva-vo-mikrobranova-pechka-i-zoshto-08.jpg

Спанаќ и цвекло

Радиоактивните бранови во микробрановата печка може да креираат штетни состојки во спанаќот и цвеклото, кои се канцерогени.

Затоа храната во која има ваков зеленчук не треба да се подгрева.

hrana-shto-ne-treba-da-se-podgreva-vo-mikrobranova-pechka-i-zoshto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава