Храна богата со колаген + намирници што го поттикнуваат неговото создавање во организмот

Пилешкото месо содржи колаген, а постојат и продукти од растително потекло кои го поттикнуваат неговото создавање во организмот, па се добри за вегани и вегетаријанци.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-01.jpg

Колагенот е вид протеин кој е најзастапен во нашето тело – 30% од протеините во организмот се колаген.

Овој протеин е клучен за здравјето на кожата, мускулите, коските, но и сите сврзни ткива.

Кога станува збор за кожата, колагенот е важен за нејзината еластичност, како и за создавањето на новите кожни клетки.

Со возраста, нивото на колаген во организмот се намалува, па се верува дека суплементите со овој протеин можат да го забават стареењето.

Додека се потребни дополнителни истражувања за ефикасноста на овие суплементи, храната богата со колаген може да биде од помош.

Постојат и намирници кои го поттикнуваат лачењето колаген кои се добри за вегани, бидејќи колагенот го има само во продукти од животинско потекло.

Храна богата со колаген и која го поттикнува неговото лачење

Супа од коски

Супата со коски има колаген, но за разлика од останатите намирници на листата, не прави многу голема разлика.

Сепак, ако сакате да ја пробате како извор на колаген, препорачливо е да ја правите сами, користејќи квалитетни и свежи состојки.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-02.JPG

Пилешко месо

Пилешкото месо е богат извор на колаген.

Но, нивото на колаген варира во зависност од местото – на пример, копаните имаат повеќе колаген отколку пилешките гради.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-03.JPG

Риба

Анализа на истражувања покажала дека колагенот од риба е веројатно најкорисен за здравјето и еластичноста на кожата.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-04.JPG

Белки од јајца

Во јајцата нема колаген, но затоа, пак, имаат високо количество пролин – една од аминокиселините кои се потребни за создавање колаген.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-05.JPG

Цитрусно овошје

Витаминот Ц има важна улога во синтетизирањето колаген, па цитрусното овошје е идеално за вегани и вегетаријанци.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-06.JPG

Бобинки

И бобинките, како јагоди и малини, се богати со витамин Ц.

hrana-bogata-so-kolagen-namirnici-shto-go-pottiknuvaat-negovoto-sozdavanje-vo-organizmot-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава