Дали сте опседнати со здрава храна (и зошто ова може да биде проблем)?

Орторексија претставува опсесија со здрава храна до тој степен, што има влијание врз секојдневието, па дури и менталното здравје. Благодарение на притисокот од социјалните мрежи и делењето на храната на само „добра“ и „лоша“, овој проблем станува сè почест.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-01.jpg

Со информациите што ни се достапни денес поради напредокот на науката и поради интернетот, се чини дека луѓето сега водат сметка за начинот на исхрана како никогаш претходно.

Насекаде гледаме и читаме совети за здрава храна, слабеење, суплементи и слично и ова е навистина добро, барем донекаде.

Од една страна, навистина си правиме добро што стануваме посвесни за храната што ја внесуваме. Но, од друга, се јавува проблем – опсесија со здрава храна која некои експерти веќе ја опишуваат како вид нарушување во исхраната.

А, постои и збор за оваа појава – орторексија.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-5.JPG

Кога социјалните мрежи ни се единствен извор на информација, може да биде тешко да одредиме што навистина е добро за нас, особено кога е во прашање начинот на исхрана.

Инстаграм и ТикТок веќе се преплавени со видеа во кои инфлуенсерите ја делат храната само на „добра“ и „лоша“ и ги мотивираат своите следбеници да ја избегнуваат онаа „лошата“ по секоја цена.

Како што спомнавме, нема ништо лошо во здравиот на чин на исхрана, но со притисокот од социјалните мрежи, ова може да се претвори во опсесија, поточно орторексија.

За HugffPost, двајца нутриционисти велат дека очекуваат орторексијата наскоро да стане и официјална дијагноза, како анорексијата или булимијата.

„Ова е супклиничко нарушување, што значи не е нешто што има клиничка дијагноза, но експертите го препознаваат.

Орторексијата може да биде категоризирана како преокупација со здрава исхрана и опсесија со тоа колку е ’чиста‘ храната што се јаде. Ова е опсесија што некои ја гледаат како правилен, здрав начин на исхрана“.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-7.JPG

Па, како да познаете дали страдате од опсесија со здрава храна?

Си ограничувате премногу намирници

Нутриционистите велат дека орторексијата може да наликуваа и на анорексија, односно луѓето да бидат премногу рестриктивни – да избегнуваат цели групи храна и да се чувствуваат анксиозно ако мислат дека изеле нешто нездраво.

И, сето ова без препорака од лекар или поради некоја здравствена состојба.

На пример, може да мислат дека е „грев“ да изедат оброк со бел ориз бидејќи само интегралниот е „здрав“.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-3.JPG

Опсесијата со здрава храна ви создава пречка во социјалниот живот

Фокусот на здрава храна дефинитивно ги преминува границите на нормата штом веќе има влијание врз вашиот социјален живот и секојдневието.

На пример, можеби откажувате планови за излегување бидејќи пријателите договориле средба во ресторан каде што нема „здрава“ опција каква што си замислувате вие.

„Во овој случај веќе не сте загрижени за здравата храна, туку повеќе сте опседнати до тој степен, што ова станува дел од вашата личност“.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-02.JPG

Минувате многу време анализирајќи состојки

Нормално е да ги проверувате состојките на храната што ја купувате, особено ако имате алергија, не јадете храна од животинско потекло или нешто слично.

Но, кај лицата со орторексија ова проверување е компулсивно, односно можат да заглават со часови во продавница за да можат да ја пребараат буквално секоја состојка.

Секако, сето ова е придружено со страв дека ќе купат нешто со скришна нездрава состојка.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-04.JPG

Чувствувате вина или анксиозност ако ги прекршите вашите правила

Дури и експертите советуваат дека е во ред повремено и да изедете нешто „нездраво“.

На пример, многу е полесно да ослабите ако еднаш-двапати неделно си дозволите некоја нездрава храна, отколку да си забранувате сè и во момент на слабост да се прејадете.

„Границата се преминува кога постојано мислите на тоа да се храните здраво.

Ако се чувствувате анксиозно, нервозно ако изедете нешто ’погрешно‘, а ова ви се случува многу често, можеби станувате опседнати со здрава храна“.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-08.JPG

Што да преземете ако станувате опседнати со здрава храна?

Добро би било да разговарате со експерт, како нутриционист или психолог, кој ќе ви помогне да утврдите дали навистина имате опсесија со здрава храна.

Важно е да знаете дека здравата исхрана е процес што трае цел живот и не треба да биде совршен. Односно, наместо да се фокусирате на тоа дали секоја храна што ја јадете е здрава или „чиста“, обрнете внимание на тоа да се храните разновидно.

Запрашајте се дали јадете доволно разни намирници, дали внесувате од сите хранливи состојки…

Ако опсесијата ви е проблем, препорачливо е и да се дистанцирате од совети на интернет и да ги слушате советите на експертите.

dali-ste-opsednati-so-zdrava-hrana-i-zoshto-ova-mozhe-da-bide-problem-6_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“ „Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат з...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg