7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини
Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Дали правите некоја од овие грешки?

Иако секој знае да свари тестенини, многу луѓе прават некои грешки кои имаат влијание врз вкусот и текстурата.
Дел од најчестите во продолжение:
Користите многу мало тенџере
Дури и ако варите само за себе, секогаш ставајте ги тестенините во поголемо тенџере, со многу вода
Ако ги варите во мало тенџере, водата брзо ќе испари, па тестенините нема да се сварат рамномерно.
Го истурате сосот врз тестенините
Секогаш треба да го правите обратното – да ги истурите тестенините во сосот.
Кога ќе го завршите сосот, во него истурете ги тестенините додека се жешки.
Притоа, не треба да бидат целосно сварени, бидејќи процесот на готвење ќе продолжи и во сосот.
Не ја користите водата
Водата во којашто сте ги вареле тестенините е богата со скроб.
Ова ја прави идеален додаток во сосот бидејќи ќе го згусне.
Ако правите оброк за двајца, тогаш доволно е да ставите 2-3 лажици од водата во сосот.
