7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини
Ставате масло во водата
Никогаш не треба да додавате масло во водата во којашто ги варите тестенините.
Некои луѓе мислат дека со ова ќе се спречи лепењето. Но, ќе го спречите лепењето ако редовно ги промешувате тестенините.
Ги служите во плитка чинија
Идеално е да ги служите тестенините во малку длабока чинија бидејќи така се полесни за јадење, а и оваа форма подолго ќе им ја задржи топлината.
Не чекате водата да зоврие
Разбирливо е ако сте нетрпеливи, но мора да почекате водата да зоврие пред да ги ставите тестенините во неа.
Ако ги ставите порано, ќе им се промени текстурата.
Ги кршите шпагетите
За Италијанците, најголем грев е да ги скршите шпагетите пред да ги ставите во тенџере.
Ако ги скршите, нема да забележите промена на вкусот, но може да ви биде потешко да ги јадете.
Спирова С. | Црнобело
