Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна
Готвите во незагреана тава
За храната да не биде накисната со масло и за да се зготви рамномерно, важно е да ја оставите тавата да се загрее некоја минута.
Заборавате дека храната продолжува да се готви откако ќе ја тргнете од оган
Откако ќе ја тргнете храната од оган, таа продолжува да се готви од топлината.
Важно е да го имате ова предвид кога првите нешто што се вари побрзо, како зеленчук.
Штом ќе го тргнете од оган, исплакнете со студена вода, за да го прекинете процесот на готвење.
Готвите замрзнато месо
Ако го готвите месото замрзнато, постои можност однадвор да се препече, а однатре да не биде доволно зготвено.
Затоа, секогаш однапред вадете го место од замрзнувач.
Но, немојте да го ставате на собна температура, туку во фрижидер, за да го спречите размножувањето на бактерии.
Не го миете оризот
На оризот има слој од скроб кој се формира кога зрната се тријат едни од други за време на пакувањето и процесот на транспорт.
А, ако не го измиете овој скроб, оризот ќе биде многу леплив.
Треба да го исплакнете оризот неколкупати, односно сè додека водата не стане потполно проѕирна.
Миењето е неопходно и за другите мешунки и зрнести плодови не само поради скробот, туку и поради многуте нечистотии на нив.
Не ставате сол и зачини директно на месото
Без разлика дали ќе го маринирате месото или не, важно е да ставите сол и зачини директно на него.
Спирова С. | Црнобело
