Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна

Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешто со тесто или некој десерт.

devet-nachini-kako-sami-si-ja-otezhnuvate-rabotata-vo-kujna-01.jpg

Ако доста често ви се случува рецептите да ви бидат неуспешни, тогаш дефинитивно превидувате некои работи на кои треба да им обрнете внимание.

Најчестите грешки со кои сами си ја отежнувате работата во кујна:

Не ги читате рецептите до крај

Пред да почнете да правите нешто според рецепт, прочитајте го до крај, дури и ако претходно го имате прочитано.

На овој начин ќе имате претстава како ќе се одвива готвењето и подобро ќе се организирате.

Ќе знаете кои состојки мора да ги подготвите однапред, нема да бидете во хаос, што значи нема ни да го утнете рецептот.

devet-nachini-kako-sami-si-ja-otezhnuvate-rabotata-vo-kujna-02.JPG

Многу го омекнувате путерот

Неретко во рецептите за торти и колачи е нагласено дека треба да додадете омекнат путер.

Но, важно е и колку омекнат путерот, односно ако е премногу мек, може да има влијание врз текстурата на тортите и колачите.

Кога ќе го притиснете путерот, тој треба да биде мек колку во него да остане трага од прстот, а не да ја изгуби формата целосно.

Генерално, доволно е да го оставите на собна температура помеѓу 30 и 45 минути.

devet-nachini-kako-sami-si-ja-otezhnuvate-rabotata-vo-kujna-03.JPG

Не мерите точно

Кога правите јадење како месо или зеленчук, обично има простор за импровизирање.

Но, кога е во прашање нешто со тесто или десерти, мора да ги користите точните мерки, особено ако немате искуство со вакви рецепти.

Ваквите јадења се поспецифични и важен е соодносот на брашно, шеќер, квасец и слично, за рецептот да биде успешен.

devet-nachini-kako-sami-si-ja-otezhnuvate-rabotata-vo-kujna-04.JPG

Пречесто ја превртувате храната

Разбирливо е ако сте нетрпеливи и постојано ја превртувате храната или проверувате дали е готова од едната страна.

Но, со ова го одолговлекувате готвењето, а го менувате и вкусот на храната.

Кора пржите нешто, мора да му дадете време.

devet-nachini-kako-sami-si-ja-otezhnuvate-rabotata-vo-kujna-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“ „Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од на...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
Дали сте опседнати со здрава храна (и зошто ова може да биде проблем)? Орторексија претставува опсесија со здрава храна до тој степен, што има влијание...
Како да заштедите на храна, а сепак да се храните здраво? Секогаш пазарете со листа, а пред да одите во продавница, проверете што ви остан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg