Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“

„Дали ако јадете многу јајца влијаат лошо на холестеролот и крвната слика? Има ли ограничувања? Дали билдерите претеруваат? Дали има разлика колку јајца смее здрав, а колку болен човек да изеде, односно со кои здравствени дијагнози треба да се внимава?“, нутриционистот Антонио Велковски одговара за CRNOBELO.com.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-kolku-jajca-na-den-smeeme-da-jademe-01.jpg

Антонио Велковски е магистер по нутриционизам и работи како нутриционист повеќе од 5 години. Тој сега за CRNOBELO.com ќе дава одговори на прашањата кои најчесто ги мачат луѓето кога станува збор за храната, приготвувањето и складирањето на истата.

Сега тој зборува на темата:

Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвната слика? Има ли ограничувања? Дали билдерите претеруваат?

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-kolku-jajca-na-den-smeeme-da-jademe-08.jpg

Aнтонио за CRNOBELO.com вели:

„За јајцата, најточно е да се каже дека кај повеќето здрави луѓе, умерена консумација на јајца е безбедна, а влијанието врз крвните масти варира од човек до човек.

Не постои еден магичен број што важи за сите.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-kolku-jajca-na-den-smeeme-da-jademe-05.jpg

Во пракса, за здрав возрасен човек кој нема дијабет тип 2, нема наследна хиперхолестеролемија и нема веќе дијагностицирана кардиоваскуларна болест, 1 јајце дневно (или приближно 7 неделно) најчесто се смета за разумна, „нормална“ количина во рамки на избалансирана исхрана.

Некои луѓе јадат и повеќе без проблем, но тука веќе станува важно што друго јадат во текот на денот (заситени масти, транс масти, влакна, овошје/зеленчук, преработено месо итн.).

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-kolku-jajca-na-den-smeeme-da-jademe-02.jpg

Жолчката има холестерол, но внесениот холестерол од храна кај повеќето луѓе има помал ефект отколку што се мислеше порано.

Црниот дроб сам произведува холестерол секој ден.

Кога јадеме повеќе холестерол преку храната, црниот дроб едноставно почнува да произведува помалку за да одржи рамнотежа.

Поголем проблем за LDL („лошиот“ холестерол) често се заситените и транс масти, вишок калории и недостаток на растителни влакна во исхраната.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-kolku-jajca-na-den-smeeme-da-jademe-07.jpg

Сепак, кај дел од луѓето (т.н. „hyper-responders“) LDL може повеќе да се качи кога често се јадат многу јајца.

Затоа најпаметно е да се гледаат индивидуалните лабораториски резултати, не само правилото кое би важело општо за сите.

Јајцата, на некој начин, индиректно може да влијаат ако некој има лоша целокупна исхрана (многу преработено месо, путер, пржена храна, малку влакна). Во таков случај јајцата „доаѓаат“ врз веќе лоша основа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“ „Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат з...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Дали сте опседнати со здрава храна (и зошто ова може да биде проблем)? Орторексија претставува опсесија со здрава храна до тој степен, што има влијание...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg