Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“

Ако треба да се избира меѓу смути и сок, смутито е подобра опција од сокот бидејќи во него влегува целиот плод, вклучувајќи ја и пулпата (каде што се влакната).

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-06.jpg

Фактички добиваме сè што нуди овошјето, но во течна форма.

Недостаток е што блендирањето физички ги „кине“ влакната, па телото нешто побрзо го обработува шеќерот отколку кај целото овошје.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-04.jpg

Исто така, често со смутито внесуваме многу повеќе калории отколку што сме свесни, а добиваме помало чувство на ситост.

Инаку во однос на хранливи материи, генерално нема разлика меѓу целото и блендираното овошје.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-05.jpg

Цедениот сок не е лоша варијанта, само што при цедењето се фрлаат влакната (пулпата) и се задржуваат само шеќерот и витамините.

Без влакната, овошниот шеќер брзо се апсорбира, предизвикувајќи нагло качување на инсулинот. Ова може да доведе до брз пад на енергијата и чувство на глад набрзо потоа.

Сокот е одличен како брза витаминска бомба, но никако не треба да биде замена за оброк или вода.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-07.jpg

Најчестото прашање е: „Може ли да го исцедам сокот сега, а да го пијам подоцна?“

Најдобро е свежо цедениот сок да се испие во рок од 15 до 20 минути.

Штом овошјето ќе се излупи или ќе се исцеди, започнува процесот на оксидација (реакција со кислородот од воздухот).

Најчувствителен е витаминот Ц, кој почнува да се разградува веднаш штом е изложен на воздух и светлина. Колку подолго стои сокот, толку помалку витамин Ц останува во него.

Свежите ензими кои помагаат во варењето исто така брзо ја губат својата активност.

makedonski-nutricionist-odgovara-za-crnobelo-dali-e-pozdravo-ovoshje-ili-smuti-i-cedeni-sokovi-i-zoshto-02_1.jpg

Ако навистина не можете да го испиете веднаш, цедениот сок чувајте го во стаклен сад, убаво затворен.

Чувањето на ладно е задолжително, но и во тој случај, сокот мора да се испие најмногу за 24 часови, иако вкусот и хранливоста веќе по 2-3 часа нема да бидат исти“.

Прочитајте и Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали месото (не) треба да се мие пред готвење?“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
8 трикови со кои ќе го познаете најсвежото и најсочно овошје во продавница Проверете ја дршката на праските, а кај лубениците, фокусирајте се на бојата на ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg