Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 Неверојатни бразилски јадења кои вреди да ги знаете

Овие денови сѐ се врти околу Бразил, па освен одлична фудбалска атмосфера оваа земја има уште многу што да понуди.

10-neverojatni-brazilski-jadenja-koi-vredi-da-gi-znaete-01

Доколку имате можност, не пропуштајте да ги вкусите прекрасните традиционални бразилски оброци.

Оваа кујна има многу што да понуди од разновидното, вкусно и неодоливо амазонско овошје и зеленчук, па сѐ до свежите риби, богатите десерти и вкусни чорби.

Овие 10 се само дел од разновидните јадења во чиј вкус ќе уживате долго како да сте во прекрасниот Бразил:

1. „Pau de queijo”: Неодоливо, вкусен појадок за совршен почеток на денот. Станува збор за оброк од свежо испечен леб во топчиња со сирење во кој Бразилците уживаат секое утро.

10-neverojatni-brazilski-jadenja-koi-vredi-da-gi-znaete-2


2. „Moqueca”
: Ако обожавате морски специјалитети, тогаш дефинитивно треба да ја пробате оваа рибја чорба. Овој специјалитет се подготвува со риба, ракчиња, кокосово млеко, домати, кромид, лук и коријандер.


3. „Feijoada”
:
Националната храна на Бразил е токму богатата чорба подготвена заедно со црн грав, пушено свинско месо и во комбинација со други типови месо како сланина, ребра, колбаси и говедско месо. Од овој оброк, може да наидете и на други верзии кои вклучуваат домати, моркови, тиква и зелка.

10-problemi-koi-gi-imaat-samo-devojkite-so-golemi-zadnici-3.jpg


4. „Pastel de nata
”:
Невообичаените португалски зготвени јајца кои се засладени со цимет и шеќер.

10-problemi-koi-gi-imaat-samo-devojkite-so-golemi-zadnici-4.jpg


5. „Caipirinha”
: Националниот Бразилски коктел кој се подготвува со шеќер, ликер и лимон, а состојките се уште познати под називот „cachaca”. Можете да наидете на повеќе варијанти кои се комбинација од ананас или други видови овошје. Станува збор за освежителен пијалак кој морате да го пробате при посета во Бразил.

10-problemi-koi-gi-imaat-samo-devojkite-so-golemi-zadnici-5.jpg


6. „Churrasco”
:
Скарата е симбол на Бразил, а тоа го покажува и овој вкусен специјалитет. На бразилските скари ќе пронајдете месо за сечиј вкус почнувајќи од пилешко, свинско, говедско и мисиркино месо.10-neverojatni-brazilski-jadenja-koi-vredi-da-gi-znaete-7


7. „Bolinhos de bacalhau”
: Печените, солени компири се вкусна и здрава замена за пакуваниот чипс, а истите можете да ги пронајдете токму во Бразил во комбинација со свежо исцеден лимон. Совршени се за на плажите каде и најчесто се консумираат.

10-problemi-koi-gi-imaat-samo-devojkite-so-golemi-zadnici-7.jpg


8. „Bobo de camarao”
: Ќе го пронајдете и под името „bobo shrimps” односно ракчиња. Овој бразилски специјалит се подготвува од ракчиња во пире заедно со брашно, кокосово млеко и разновидни зачини.

10-neverojatni-brazilski-jadenja-koi-vredi-da-gi-znaete-9


9. „Pitaya”
: Ако сте го посетиле Бразил, а не сте го пробале овој десерт тогаш сте погрешиле. Слаткото, егзотично овошје донесено од Амазон исечкано на ситни парчиња се продава низ бразилските улици. Можете насекаде да го пронајдете и да уживате во единственото искуство на вкусови.

10-neverojatni-brazilski-jadenja-koi-vredi-da-gi-znaete-10


10. „Brigadeiros”
: Кога сме кај десертите, за крај го оставивме најслаткиот. Чоколадните тартуфи, покриени со чоколадо, во комбинација со кондензирано млеко, чоколадо во прав и путер ќе ви пружат едно поинакво слатко задоволство. Има вкус на некоја крцкава чоколадна топка исполнета со нутела. Зарем постои нешто подобро?10-neverojatni-brazilski-jadenja-koi-vredi-da-gi-znaete-11

Сте пробале ли некои од овие бразилски јадења?

Би можело да ве интересира:

Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg