Пресолено или препечено? Постои решение за секоја кулинарска грешка

Понекогаш се случува да ја заборавиме храната предолго во рерна, премногу да ја посолиме или да ги превариме тестенините, но ако мислевте дека нема назад - грешите...

presoleno-ili-prepeceno-postoi-resenie-za-sekoja-kul-greska-1

Овие неколку трикови ќе ви помогнат брзо и едноставно да го решите проблемот во вашата кујна, а храната да остане вкусна и сочна.

Запомнете ги овие трикови, не се знае кога ќе ви затребаат:

Тврди тестенини

Доколку се случило да ги заборавите тестенините премногу долго во тенџерето и тие се превариле, не грижете се. Веднаш полијте ги тестенините со ладна вода, а потоа слободно додајте им сос од домати.

Тврдо печиво

Тврдото печиво завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во микробранова печка. Грејте го печивото десетина минути на температура од 130 степени.

Препечен леб

Најлошиот дел отстранете го со помош на нож, а на остатокот додајте малку маслиново масло и пармезан.

Презреано овошје

Кога овошјето станува толку презреано што веќе мислите дека не можете да го искористите ниту за салата, направете сладолед или смути. 

presoleno-ili-prepeceno-postoi-resenie-za-sekoja-kul-greska-3

Превриен зеленчук

Исто како и тестенините, што побргу оладете го зеленчукот под млаз ладна вода. Потоа сервирајте го со нешто кисело како лимон, лимета и слично.

Пресолена супа или чорба

Со бистрите супи доволно е да додадете  малку жив или претходно сварен компир, кој ќе ја апсорбира солта од водата. Оставете го компирот да дејствува 10-15 минути, а потоа отстранете го од супата или чорбата.

Препечено говедско месо

Црниот дел отстранете го со помош на нож, а потоа на местото додајте бибер и лук.

Сува риба

Со помош на кујнска четка премачкајте ја рибата со масло и лимон, а потоа додајте исечкан коријандер или рузмарин. Намазот ќе и даде влажност на рибата, додека пак ладниот зачин ќе го истакне нејзиниот вкус.

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава