Здравствени проблеми кои бананите ги решаваат подобро од лековите

Бананите во себе имаат различни врсти шеќери и голема количина влакна. Поради тоа, ова овошје дава енергија, но решава и некои здравствени проблеми подобро од лековите.

zdravstvenite-problemi-koi-bananite-gi-resavaat-podobro-od-lekovite-01

Нека не ве двоуми неговата висока калориска вредност, бидејќи се еден вид супер храна.

1. Запек

Бананите содржат пектин, диетално влакно кое го забрзува варењето и го поттикнува отстранувањето на токсините од организмот. Освен тоа бананите делоуваат како пробиотик и го стимулираат варењето. Ја намалуваат надуеноста и ја олеснуваат напнатоста во цревата  од запекот.

2. Стрес

Стресот го забрзува метаболизмот, а нивото на калиум опаѓа. Балансот може да се постигне со помош на една бананата која во себе содржи многу калиум и која ја нормализира работата на срето. Исто така бананите ја регулираат оптималната количина вода во организмот.

3. Висок притисок

Познато е дека претераното внесување сол и недостатокот на калиум имаат негативен ефект на крвниот притисок. Затоа е важно да има доволно калиум во крвта, а бананите се богати со него. Препорачливо е секое утро да изедете по една банана, а таа ќе го одржува крвниот притисок на идеално ниво.

4. ПМС

Бананите се богати со витамин Б6 кој има позитивен ефект на нивото на глукоза во крвта, а утврдено е дека витаминот Б помага за предменструалните симптоми. Баните ги намалуваат болките во абдоменот и половината, ги регулираат промените во расположението и ја задржуваат водата во организмот.

5. Депресија

Триптофанот се наоѓа во бананите во облик на протеини кои стимулираат лачење на хормонот на среќа, серотонинот. Само една банана е доволна за да го подигне нивото на овој хормон, толку многу што веднаш ќе се почувствувате смирени и среќни.

Би можело да ве интересира:

8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава