4 клучни работи поради кои веќе нема да нарачувате чаша вода во кафулињата

Речиси во секој ресторан или кафуле со кафето или нарачаното јадење добивате и чаша вода. Иако најчесто водата е безбедна за пиење, постојат некои работи кои може да ја загадат.

4-klucni-raboti-poradi-koi-veke-nema-da-naracuvate-casa-voda-01

Поради овие 4 работи веќе нема да нарачувате чаша вода во рестораните и кафулињата:

Мраз

Повеќето добиваат мраз во чашата вода без разлика дали побарале или не. Но, според едно спроведено истражување од страна на Daily Mail минатата година, дошле до заклучок дека во садовите за мраз се наоѓаат повеќе бактерии отколку во водата од ве-це школката.

Пред неколку години, каналот NBC емитувал репортажа за последиците од неправилно ракување со мразот.

Многу вработени во рестораните и кафулињата мразот го фаќаат со голи раце, што воопшто не е хигиенски.

Лимон

На некои места може да добиете парче лимон дури и во вашата чаша вода, но вистината е дека тоа е само уште едно место полно со бактерии.

Резултатите од истражувањето кои се објавени покажуваат дека околу 70 отсто во таквите парчиња лимон се наоѓаат микроби.

Покрај тоа, лимонот е познат по антибактериското дејство, а резултатите од истражувањето сугерираат дека многу микроорганизми може да преживеат на површината на парчето лимон во пијалаците каде има и патогени микроби.

4-klucni-raboti-poradi-koi-veke-nema-da-naracuvate-casa-voda-1.jpg

Чаша

Низ американските ресторани направено е тестирање за да се открие каде има најмногу бактерии. Меѓу 10-те површини на кои се наоѓале најмногу бактерии, биле и чашите.

Вода

Иако претежно водата се смета како погодна за пиење, понекогаш најдобра мерка е вашиот нос и јазик, па ако забележите нешто чудно или ако сте на место кое е познато дека нема баш добра вода за пиење, можеби е подобро да се напиете чаша вино.

Сепак, постојат начини на кои на кои може да ја минимализирате изложеноста на нечистотии. Побарајте вода без мраз и лимон, а може да побарате и цевка. Ако не верувате во безбедноста на водата, можеби најдобро е да си носите свое шише.

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава