5 трикови за фрижидер без непријатни мириси

На сите барем еднаш ни се случило да заборавиме храна која шири непријатен мирис, па додека да ја фрлиме, целиот ладилник го впил мирисот.

5-trikovi-za-frizider-bez-neprijatni-miris-01.jpg

Во тој случај, ова се 5-те трикови кои секоја домаќинка треба да ги знае:

1. Оцет

Добро познат рецепт за елиминирање на непријатните мириси кои го користеле и нашите баби е мешавината од оцет и вода. Смешајте ги овие течности, па потоа пребришете ја целата внатрешност со нив. Почекајте малку да изветрее и проблемот е решен.

2. Сода бикарбона

Исто како со оцетот, само овој пат треба да направите паста од сода бикарбона и малку вода. Смесата ставете ја на крпа и пребришете.

3. Хартиени крпи

Ако се справувате со силен мирис, замотајте неколку хартиени крпи во облик на топка и ставете ги во ладилникот. Оставете ги да постојат неколку дена, а потоа применете ја постапката со оцетот.

4. Зрна кафе

Ако сакате да добиете поубав мирис кога ќе го отворите ладилникот, поставете неколку зрна кафе во него. Менувајте ги на 2-3 дена.

5. Екстракт од ванила

На парче памук капнете неколку капки арома од ванила и ставете го во ладилникот. Оставете го да отстои неколку дена. Повторувајте ја постапката барем еднаш неделно.

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...

Најчитани неделава