Дрвена или пластична даска за сечење, која е подобра?

Ако прашете некој готвач што му е најважно во кујната ќе ви каже кујнскиот нож. Но, со него еднакво клучна улога има даска на која се сечат состојките во оброкот.

drvena-ili-plasticna-stica-za-secenje-koja-e-podobra-01

Доколку користите иста даска за сечење на сите производи или ако не ја гледате разликата помеѓу пластичната и дрвената даска, тогаш мора да дознаете неколку важни работи.

Погрешно е мислењето дека пластичните даски се автоматски побезбедни за употреба од дрвените.

Истражувањата покажале дека дрвото, на подолг рок може да биде и многу похигиенско.

Со оглед на тоа што дрвото има порозна површина, а пластиката не, сите мислат дека пластичната даска е отпорна на бактериите.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија утврдиле дека дрвената даска за сечкање содржи помалку количини на бактеријата салмонела од пластичната.

На дрвените даска бактериите се впиваат под површината, каде не се размножуваат и на крајот изумраат.

На пластичните даски, од друга страна, бактериите се насобираат во гребаниците од ножот, кои е невозможно да ги избришете и остануваат на површината, па полесно навлегуваат во храната.

Според сето тоа, безбедно е да ги користите и дрвените и пластичните даски доколку редовно ги одржувате, чистите и менувате за различните производи.

На тој начин спречувате микроорганизмите да се шират од една на друга храна, што претставува и најголема опасност.

drvena-ili-plasticna-stica-za-secenje-koja-e-podobra-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава