Вкусна храна која ги брише брчките

Ако мислите дека само скапите препарати, креми и маски за лице ги бришат брчките, овие вкусни додатоци во храната  покрај тоа што се вкусни и добро изгледаат, многу се благотворна за вашата кожа.

vkusna-hrana-koja-gi-brise-brckite-01

1. Пире од слатки компири

Ако досега не сте го послужувале почесто овој специјалитет, време е да ја промените таа навика. Слаткиот компир е богат со витамините А, Ц и бакар. Витаминот А се наоѓа скоро во секоја крема против брчки. Улогата на бакарот е да го зголеми производството на колаген и со тоа на кожата да ѝ даде поголема еластичност.

vkusna-hrana-koja-gi-brise-brckite-1.jpg


2. Брусница

Ова овошје е идеална состојка на разни сосеви, но и колачи и други слатки. Покрај тоа што е нискокалорична, брусницата е и многу богата со антиоксиданси, чија улога е многу важна во борбата против оштетување на клетки. Не можат да ги избришат постојните бори, но затоа можат да спречат појавување на нови.

vkusna-hrana-koja-gi-brise-brckite-2.jpg


3. Боранија

Збогатете ја трпезата со интересен зеленчук. Боранијата е одличен извор на витамин Ц кој ја штити вашата кожа од оштетувања настанати како последица на ударот на слободните радикали. Овој зеленчук може да го комбинирате во облик на салата, но и како прилог со месо.

vkusna-hrana-koja-gi-brise-brckite-3.jpg


4. Моркови, целер, пашканат

Домашната супа не може да се замисли без овие состојки. Чудесната моќ на морковот кој содржи бета каротен  ја штити вашата кожа од опасното УВ зрачење и создавањето брчки. Пашканатот, покрај влијанието на заштита од создавање брчки, ја прави и косата многу побујна.

vkusna-hrana-koja-gi-brise-brckite-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат) Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...

Најчитани неделава