9 совети за подготовка на крцкави компирчиња во рерна

Сакате вкусни и крцкави компирчиња, но не сакате да се „удавите“ во нездрави маснотии? За подготовка на вкусни и сочни компири не секогаш ви е потребно тавче за пржење и литар масло.

9-soveti-za-podgotovka-na-krckavi-kompircinja-vo-rerna-01.jpg

Сè што ви е потребно се овие 9 совети:

1. Исечете ги компирите на што потенки, долгнавести или округли парчиња. Потенките парчиња се секогаш покрцкави.

2. Потопете ги во вода пред печењето. Ова значи дека компирите треба да бидат барем 2 часа во вода пред да ги печете. На тој начин компирот губи дел од скробот.

3. Дехидрирајте ги компирите пред печење. Исечените компири исцедете ги и исушете ги со крпа пред да ги наредите на тавата.

4. Натопете ги во белка и брашно. За полесно да се создаде крцкава кора потребно е да ги натопите парчињата компири во матена белка. За 2 компири со средна големина потребна ви е 1 белка и 1 лажица брашно. Откако ќе ги намачкате со белка, прекријте ги со брашно. Добро промешајте, зачинете и печете.

5. Користете хартија за печење. Само на овој начин ќе го избегнете лепењето.

6. Печете го помфритот на долната решетка. Кога тавата ќе ја ставите на последната решетка од рерната, компирот ќе биде покрцкав затоа што побрзо ќе се испече, а водата целосно ќе испари.

7. Не го преполнувајте плехот. Ова е една од најчестите грешки која сите ги прават кога печат компири. Најдобро е компирите меѓусебно да не се допираат за време на печењето.

8. Вртете ги додека се печат. Најмалку еднаш превртете го секое компирче за рамномерно да се испече.

9. Отворете ја вратата од рерната неколку пати. На овој начин водата која испарува полесно ќе излезе од рерната, па помфритот ќе биде покрцкав, наместо мек.

9-soveti-za-podgotovka-na-krckavi-kompircinja-vo-rerna-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава