10 намирници кои би требало веднаш да престанете да ги јадете

Со оглед на тоа каква сè храна ни е достапна и каков избор имаме, навистина треба да се потрудиме и да внимаваме на она што го јадеме. За многу од штетните производи со многу масти и вештачки адитиви има одлична замена во некои поприродни производи.

10-namirnici-kooi-bi-trebalo-vednas-da-prestanete-da-gi-jadete-01.jpg

Затоа, нека не ви биде тешко да ги отфрлите овие 10 намирници од исхраната:

1. Чипс

Една мала кесичка чипс содржи 125 калории и 10 грама масти од кои 3 грама се заситени. Ако секој втор ден јадете по една кесичка чипс, за една година ќе внесете 23.400 калории. Заменете го со пуканки.


2. Крофни

Бел шеќер, бело брашно, маргарин и сето тоа испржено во брашно. Просечна крофна содржи 200 калории и 12 грама масти. Наместо јаглени хидрати јадете слатки од брашно добиено од цели зрна.

10-namirnici-kooi-bi-trebalo-vednas-da-prestanete-da-gi-jadete-1.jpg

3. Прелив или шлаг

Сочни и вкусни какви што се никој не може да им одолее, но во една лажичка прелив има 32 калории, а никој не може да се задржи само на една. Доколку можете целосно да го избегнете, негова одлична замена е овошниот јогурт.


4. Тестенини

Тестенините со путер, пармезан и разни други сосови нема кој не ги сака. Но, она што повеќето не го знаат е дека една порција тестенини во просек содржи 543 калории и 33 грама масти. Наместо обични тестенини користете интегрални, а во сосовите избегнувајте сирење, кашкавал, павлака или месо.

10-namirnici-kooi-bi-trebalo-vednas-da-prestanete-da-gi-jadete-2.jpg

5. Колбаси

Без разлика дали ги јадете за појадок или како мезе со пиво, тие се еднакво непожелни за вашиот организам. Еден просечен свински колбас содржи 217 калории и околу 20 грама масти. Ако толку многу ги сакате, барем заменете ги со пилешки или вегетаријански колбаси со соја.


6. Пржено пилешко

Ако пилешкото бело месо го пржите во масло, тогаш ќе има 400 калории и околу 22 грама масти. Заменете го пржењето со скара, варење или печење во рерна и ќе добиете поздрав оброк.

10-namirnici-kooi-bi-trebalo-vednas-da-prestanete-da-gi-jadete-3.jpg

7. Замена за кашкавал

Сè што претставува некаква замена на кашкавалот и сирењето или се само се содржи во друг производ има двојно повеќе калории отколку само парче вистинско сирење или кашкавал. Одберете го природното.


8. Помфрит

Колку и да е вкусен и како додаток и како мезе или главен оброк, една голема порција која ја служат во рестораните содржи околу 570 калории. Ако со тоа земете и хамбургер, додајте плус 670 калории.

10-namirnici-kooi-bi-trebalo-vednas-da-prestanete-da-gi-jadete-4.jpg

9. Тазе бел леб

Едно парче бел леб има 65 калории. Нема голема хранлива вредност, не содржи доволно витамини и минерали, а создава чувство на лажна ситост.


10. Кинеска храна

Обично е многу зачинета, често содржи многу сосови од кашкавали и месо на различни начини. Бидејќи е од автентична кујна, нема универзална замена, затоа добро е само да внимавате на количината и намирниците што ги користите при подготвување.

10-namirnici-kooi-bi-trebalo-vednas-da-prestanete-da-gi-jadete-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава