Мали кујнски трикови: Отстранете ги непријатните мириси и „спасете“ го јадењето

Фрижидерот во кујната е место во кое се мешаат сите мириси заради различните производи кои се во него. Сето тоа често знае да биде и непријатно.

mali-kujnski-trikovi-mirisite-vo-kujnata-i-kako-da-go-spasite-jadenjeto-01

Но, покрај фрижидерот често можат да се случат мали незгоди и при готвењето, па затоа добро е да знаете некои мали кујнски трикови со кои ќе поправите сè, како ништо да не се случило.

За освежување на просторијата по пржењето риба во тенџере сипете околу литар вода, додајте малку цимет или кој било друг зачин чиј мирис ви се допаѓа и оставете го да зоврие. Намалете ја температурата за полека да испарува.

Ако сте го исчистеле темелно фрижидерот, а сè уште ви се мешаат мириси на храна, оставете шолја со талог од кафе неколку часа во фрижидерот. Кафето може да го користите и за неутрализирање на други мириси.

Мирисот на загорено млеко ќе го отстраните ако го претурите во друга чаша и да го покриете со намокрена крпа.

Ако варите риба и ви пречи мирисот, додајте малку млеко. Тоа ќе го отстрани мирисот и ќе го обели месото.

Кога варите зелка, за да го спречите ширењето на непријатниот мирис, покријте го тенџерето со крпа натопена во оцет.

Ако ви загори гравот веднаш претурете го во друго тенџере и прекријте го со мокра крпа. По 10 минути сменете ја крпата за целосно да се впие непријатниот мирис.

mali-kujnski-trikovi-mirisite-vo-kujnata-i-kako-da-go-spasite-jadenjeto-2.jpg

Трикови при готвење:

Јајце

Ако сакате да сварите јајце кое е малку напукнато ставете го во ладна вода и додајте малку сок од лимон.

Ако ви фали едно јајце за некој колач, може да го замените со пола чаша млеко и ќе го добиете истиот ефект.

За побрзо да направите шлаг од белки и да ви биде поцврст, додајте неколку капки лимон.


Риба

Полесно ќе ја исчистите ако ја премачкате со сол, или ако ја оставите половина минута во вода која врие.

За да проверите дали е свежа рибата која сте ја купиле, ставете ја во сад со вода. Ако потоне значи дека е свежа, ако остане на површина не е свежа.

Рибата може да остане свежа ден-два ако ја замотате во крпа и ја ставите во фрижидер.

При варење, морската риба се става во ладна вода, а речната риба во веќе зовриена.

Ако подготвувате некое несолено јадење во водата при варењето ставете малку шеќер во прав за да не биде блуткаво.

mali-kujnski-trikovi-mirisite-vo-kujnata-i-kako-da-go-spasite-jadenjeto-1.jpg

Кромидот најлесно ќе го исчистите ако претходно го потопите во топла вода. Сечкајте го на мокра даска и со влажен нож, така нема да ви ги иритира очите. Кога еднаш сте го пресекле кромидот, никако не го оставајте за утре.

Ако лиснатото тесто треба да се подигне на краевите, тогаш премачкајте ја средината со жолчка и обратно.

Ако ви претече манџата, на ринглата посипете сол.

Ако тестото за палачинки ви се лепи за тавата, додајте во смесата пиво или шлаг од белки со малку сок од лимон.

Ако за подготовка на некое јадење ви е потребна кисела павлака, а немате, заменете ја со мешавина од млеко, брашно и малку сок од лимон.

Кашкавалот нема да биде влажен ако го чувате во пластична кутија и ако во неа ставите и неколку сирови макарони кои ќе ја впијат влагата.

Ако имате малку овената зелена салата оставете ја 15 минути во млака вода и додајте малку лимонов сок или оцет.

Маслинките ќе останат свежи во својата течност ако во неа додадете малку лимон и убаво ја затворите теглата.

Компирите и јаболката никогаш не ги чувајте заедно бидејќи јаболката го поттикнуваат зреењето на компирите, па побрзо се расипуваат.

За да знаете дали квасецот е сè уште добар, ставете го во чаша со топла вода и видете дали ќе исплива на површина. Тоа значи дека е свеж.

mali-kujnski-trikovi-mirisite-vo-kujnata-i-kako-da-go-spasite-jadenjeto-3.jpg

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg