Најчести грешки кои сите ги правиме во кујна, а мора да се одвикнеме од нив

Речиси сите се придржуваме до правилото дека без измиени раце не смее да почнеме подготовка на јадење. Но, постојат уште неколку работи кон кои треба да се придржуваме, а го правиме спротивното.

najcesti-gresi-koi-site-gi-pravime-vo-kujna-a-treba-da-se-odvikneme-od-niv-01.jpg

Еве кои навики во кујната треба да ги прекинете уште денес:

1. Го миете пилешкото пред подготовка

Стручњаците не препорачуваат миење на пилешкото месо. Како што тие тврдат, со миењето на пилешкото во мијалникот пред термичката обработка, ширите потенцијално опасни состојки кои се наоѓаат во него. Исто така важно е добро да ги измиете даската, ножот и површината на која сте го сечеле месото.


2. Откако ќе ја исечете, храната не ја ставате во фрижидер

Исеченото овошје и зеленчук побрзо се расипува, па затоа ако не го јадете веднаш, ставете го во фрижидер. Во никој случај не го враќајте во садот каде ги чувате останатите плодови.


3. Погрешно ја замрзнувате храната

Замрзнатата храна би требало да биде цврсто залепена и да не пропушта воздух за да не се шират непријатни мириси, но и кристалите мраз да не го расипат вкусот.


4. Храната не ја варите и печете доволно долго

Професионалните готвачи знаат да проценат кога месото е готово на допир, мирис или изглед. Но, во домашни услови се препорачува користење на кујнски термометар. По секоја употреба темелно измијте го.


5. Ја оставате храната на собна температура

Храната не смее да седи на собна температура подолго од 2 часа, запаметете го тоа.

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава