4 Причини заради кои треба да јадеме риба

Освен совршената линија која со леснотија ќе ја одржувате ако редовно консумирате риба, таа и многу ќе придонесе за вашата убавина и здравје.

4-pricini-zaradi-koi-treba-da-jademe-riba-1

Барем еден дел во неделата направете си ручек или вечера со риба и не дозволувајте разни изговори да ве спречат да ја консумирате редовно.

Рибата има многу предности, а ова се дел од нив:

1. Важна е за здраво срце. Мрсните риби како што се лососот и туната содржат голема количина на омега 3 масните киселини, кои го намалуваат крвниот притисок и ја ставаат во рамнотежа работата на срцето. Доволни ви се 2 порции на риба еднаш во неделата за да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

2. Рибата е добар извор на протеини. Сите кои не сакаат месо, можат да се потпрат на диета со риба и да бидат сигурни дека си обезбедиле доволно ниво на протеини, кое е важно за одржување на регуларната телесна тежина.

3. Диетата со риба ја подмладува кожата. Уморната и сува кожа ќе ја освежите со редовното консумирање на риба. Омега 3 масните киселини ја одржуваат еластичноста на ќелиите од мембраните на кожата, а особено се добри за сите оние кои имаат кожа чувствителна на сончевите зраци.

4. Рибата се бори против депресија. Бројни студии потврдиле дека редовната консумација на риба може да помогне кај благата и умерена депресија. Сите оние кои чувствуваат блага зимска депресија, доволно е да додадат риба во своето мени. 

Би можело да ве интересира:

8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба) Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дал...
Зошто не треба повторно да ја користите кремата за заштита од сонце од минатата година? Tоплите зраци на сонцето нè поттикнуваат да се препуштиме на активности на отвор...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg