Најчести грешки заради кои колачињата не ви успеваат

Печењето празнични колачиња може да биде вистинско уживање, но само за оние со искуство. Оние почетниците пак, лесно може да се откажат.

najcesti-greski-zaradi-koi-kolacinjata-ne-vi-uspevaat-01.jpg

За да не бидете разочарани кога мафините нема да излезат од калапот или колачињата ќе ја изгубат својата форма, откријте ги најчестите грешки кои ги правите и што побрзо коригирајте ги.

1. Наместо прашок за печиво користите сода бикарбона или обратно

Прашокот за печиво е направен од сода бикарбона, но нивната текстура е потполно различна, па затоа различно делуваат на рецептите. Затоа колку пати и да сте прочитале дека може да ги замените, немојте, големи се шансите дека ќе ги утнете колачињата.


2. Го избегнувате просејувањето на сувите состојки

Во многубројни рецепти назначено е дека сувите состојки треба да се додаваат постепено и со просејување, но многу домаќинки го прескокнуваат овој чекор. Сепак, тој е клучот на успешниот рецепт затоа што со просејување на брашното го спречувате создавањето на грутки или дупчиња во тестото.


3. Ја отворате рерната за време на печењето

Отворањето на рерната ја намалува температурата, заради што може да се уништи текстурата на колачите, односно нивно опаѓање. Ова правило посебно се однесува на колачи кои се подготвуваат без брашно.


4. Предолго го мешате тестото

Во последно време се почесто се користат автоматските миксери кои имаат една голема маана – претерано мешање на смесата. Со предолгото мешање може да се создадат меурчиња кои при печењето само ќе спласнат. Затоа, почитувајте го правилото дека само шеќерот и путерот се мешаат со миксер, додека другите состојки најдобро е да ги мешате рачно со дрвена лажица или жица.


5. Заборавате да го протресете калапот со тесто

Иако во речиси сите рецепти е назначено дека откако ќе го ставите тестото во калапот треба да го протресете, многумина го избегнуваат овој чекор. Ако и вие сте дел од таа група, големи се шансите дека ќе добиете нерамен колач или пандишпан.


6. Белките ги додавате одеднаш

Откако ќе ги изматите, не треба да ги ставите цели во смесата. На тој начин белките стануваат водести и ја губат пенестата структура. Белките треба да ги додавате постепено, со обична лажица.

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
Зеленчук и овошје што најчесто го сечеме погрешно (и несвесно му го менуваме вкусот) Гранчињата од брокулата не треба да се фрлаат туку да се јадат, јаболкото не се ...
Едноставни трикови и совети со кои ќе станете експерт за торти и слатки Прекумерното мешање на тестото е честа грешка. Откако ќе се соединат в...
Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи) Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg