Како колачињата да останат свежи и по Нова година?

По славењето на Нова година, на празничните трпези најчесто остануваат големи количини храна која сакаме да ја сочуваме, но не знаеме како.

kako-kolacinjata-da-ostanat-svezi-i-po-nova-godina-01.jpg

За да не ги фрлите колачињата кои со часови ги печевте или декорирате, обидете се да ги сочувате малку подолго со овие 4 совети:

1. Крцкавите колачиња не поднесуваат влага и влажна околина, заради која најчесто стануваат меки и ја губат крцкавоста. Се препорачува да ги чувате херметички затворени во еден сад, но во садот никако не смее да ги ставате топли, туку целосно оладени.

2. Колачињата од лиснато тесто е најдобро да ги замрзнете. Пред да ги замрзнете оставете ги во фрижидер околу половина час, па тогаш префрлете ги на пониска температура. На овој начин ќе ја сочувате мекоста на тестото.

3. Ако сакате да ги сочувате остатоците од пандишпан или куглоф, најдобро е да ги чувате во сад во кој ќе ставите половина јаболко или парче леб. Овие намирници подолго ги чуваат меките колачи свежи и сочни.

4. Кремастите колачиња не е препорачливо да ги чувате во фрижидер подолго од 3 дена. После тие 3 дена најдобро е да ги замрзнете покриени со мрсна хартија и да ги наредите во пластичен сад. Одмрзнете ги најмалку 3 часа пред да ги послужите.

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...

Најчитани неделава