Корисни совети и трикови од искусните домаќинки

За вкусен оброк е потребно малку, а вештите и искусни домаќинки добро го знаат тоа. Токму затоа денес ви ги откриваме нивните тајни со чија помош секој следен оброк ќе биде двојно повкусен.

korisni-soveti-i-trikovi-od-iskusnite-domakinki-01.jpg

1. Ќофтињата ќе бидат многу повкусни ако во нив додадете малку гауда. Со дланките направете мали дупчиња во месото и ставете по неколку мали коцки кашкавал, па пржете.

2. Омлетот ќе биде многу посочен ако во јајцето измешате 2-3 лажици кремсирење или полномасна павлака. Ако сакате оброкот да биде помалку калоричен, може да додадете 2 лажици топла вода во омлетот.

3. Медот кој ви остана залепен за теглата стопете го со мала количина оцет. Додадете го оцетот, затворете ја теглата и добро протресете. Додајте малку маслиново масло, посолете и додајте зачин по желба. Користете го преливот за салати и тестенини.

4. Зеленчукот кој го чувате во фиоката од фрижидерот ќе остане крцкав многу подолго, ако на дното ставите мрсна хартија која ќе ја впие влагата.

5. Лиснатото тесто многу подолго ќе остане свежо ако наместо со вода, го замесите со кефир.

6. Печениот компир ќе биде многу повкусен и покрцкав, ако во текот на печењето врз него проросите малку брашно.

korisni-soveti-i-trikovi-od-iskusnite-domakinki-02.jpg

7. Остатоците од слатката павлака може да ги ставите во пластична кеса за мраз и така да ја замрзнете. Ќе ви биде достапна во секое време во мали количини.

8. Јајцето на око нема да се залепи за тавата ако на топлото масло прво ставите брашно, малку го пропржите, па дури тогаш го искршите јајцето.

9. Зелената салата брзо се суши. За да може да ја користите малку подолго, исчистете ја и измијте ја со вода во која ќе додадете 1 лажица шеќер. Овенатите листови ќе станат повторно крцкави.

10. За да не се мачите со лупење на лукот, пред подготовката на кратко ставете го во врела вода, па лесно отстранете ја лушпата.

11. Прашокот за печиво никогаш не го мешајте директно со млеко или вода, затоа што така ќе ги изгуби сите својства. Секогаш прво измешајте го со брашното.

12. На пудингот нема да ви се создаде кора ако додека е жежок го посипете со шеќер во прав.

13. За компирот кој се вари да не се распадне, најдобро е да додадете 1 лажица бел оцет во водата.

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...

Најчитани неделава