9 Намирници кои ги консумираат слабите луѓе, а треба да почнете и вие

Колку пати до сега сте се запрашале што јадат личностите со витка линија? Време е да ги дознаете нивните тајни состојки.

9-namirnici-na-vitkite-lugje-1

Вклучете ги токму овие намирници во вашето секојдневие, ослабете побрзо, но и задржете ја витката линија.

Ова е топ 9 листата на витките луѓе:

1. Јогурт без масти

Безмасниот јогурт е пријател на витката линија. Тој е хранлив, вкусен и разновиден, а можете да го комбинирате со секоја храна. Овој пијалак ќе го отстрани вишокот на вода од вашиот организам и ќе ви даде доволно протеини.


2. Бадеми како совршени грицки

Наместо бисквити, испијте го кафето или чајот со бадеми, бидејќи тие се многу здрави поради количеството на витаминот Е, здравите масти, магнезиумот и другите минерали кои ги содржат.


3. Авокадо - хранлив афродизијак

Авокадото ја регулира циркулацијата и го подобрува варењето на храната, богато е со минерали и витамини, а исто така е и моќен афродизијак.


4. Лосос - здрава доза на протеин

Лососот е еден од одличните додатоци на здравата храна, а особено доколку настојувате да го зголемите внесувањето на протеини во својот организам. Омега 3 масните киселини со кои тој изобилува, ја поттикнуваат работата на мозокот и помагаат во подобро помнење, а имаат дури и антидепресивни својства. Збогатете го вкусот на лососот со зачини како темјан или рузмарин.


5. Ослабете со сладок компир

Иако неправедно е на лош глас, слаткиот компир сепак е многу хранлив производ и е далеку поздрав од обичниот компир. Затоа, не плашете се од калории, бидејќи слаткиот компир изобилува со бета-каротен, бројни витамини, минерали, како и влакна кои нè оставаат сити подолго време.


6. Уживање и здравје со темна чоколада

Многу луѓе не можат да си го замислат животот без чоколадо, но најдобро е да го консумирате вистинскиот производ. Темната чоколада во својот состав содржи најмалку 50% какао, многу минерали и антиоксиданси.


7. Јајцата ни даваат сила

Иако долго време беа на негативната листа, бидејќи ги поврзуваа со срцеви заболувања, сепак научните тврдат дека едно јајце на ден ни ја дава потребната сила. Јајцата се ниско калорични производи богати со протеини и можете да ги приготвите на разни начини.


8. Лековита боровинка

Витките луѓе најмногу обожаваат боровинки, кои имаат лековити својства. Овие вкусни овошки ја подобруваат работата на мозокот, но и видот, а познато е и дека сокот од боровинки го дезинфицира мочниот канал. 


9. Чаша црвено вино за долг живот

Црвеното вино е елексир за долговечност, но секако не треба да претерувате. Една чаша црвено вино на ден после ручекот го штити срцето, регулира шеќерот, намалува холестеролот, но и ќе ве опушти после напорниот ден.

Би можело да ве интересира:

Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“ „Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од на...

Најчитани неделава