Правилен распоред во фрижидерот: Јајцата не смеете да ги чувате на вратата

Не е доволно само да ги ставите производите во фрижидер. За подолго да останат свежи потребно е да направите правилен распоред.

pravilen-raspored-vo-friziderot-jajcata-ne-smeete-da-gi-cuvate-na-vrata-01

Температурата во фрижидерот би требало да биде помеѓу 0 и 4 степени, за да се спречи развој на бактериите.

На горните полици чувајте ги остатоците од ручекот, пијалаците, свежите зачини и намирниците кои се веднаш подготвени за јадење, бидејќи тука температурата е најстабилна.

Вратата е најтопол дел од фрижидерот, па затоа тука чувајте ги производите со природен конзерванс.

Мајонезот и сокот од портокал може да ги чувате на вратите, но млечните производи и јајцата не е препорачливо да се чуваат тука, бидејќи побрзо се расипуваат. Нив најдобро е да ги чувате на долните полици, бидејќи тоа е најладен дел.

Тука може да ги чувате и сировото месо и морските плодови. Овошјето и зеленчукот ставете ги во одделни садови или во фиоките наменети за тоа во фрижидерот.

Јајцата лесно впиваат мириси од другите намирници, па ако имате ставено нешто со силен мирис, јајцата ставете ги подалеку од него.

Во фрижидерот е потребно да оставите доволно простор за низ него да минува студениот воздух.

Праските, сливите и крушите не би требало да ги чувате во близина на зеленчукот. Овие овошки испуштаат гасови кои го забрзуваат расипувањето на зеленчукот.

Би можело да ве интересира:

Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава