Како да им дадете вкус на вештачки созреаните јагоди?

Пролетта е сезона на јагодите, но понекогаш многу е тешко да ги најдете оние сочните и црвени плодови кои можат да се јадат без никакви слатки додатоци.

kako-da-im-dadete-vkus-na-vestacki-sozreanite-jagodi-01.jpg

Ако и вие се најдете во замката на предвремено вештачки созреаните јагоди, најдобар начин да им дадете вкус и арома е следниов:

Земете 450g свежи јагоди, 50g шеќер и 1 лажица ванила екстракт.

Измијте ги јагодите, отстранете го зелениот дел и исечете ги на половина.

Добро промешајте ги со шеќерот и ванилата, па потоа распредете ги на една тава за печење на која ќе ставите мрсна хартија. Важно е плодовите да не се допираат.

Печете ги во загреана рерна на 175 степени околу 20-25 минути.

kako-da-im-dadete-vkus-na-vestacki-sozreanite-jagodi-001.jpg

Ваквата термичка обработка не го уништува обликот на јагодите, а го поттикнува испуштањето на природни сокови кои во комбинација со шеќер и ванила стануваат неодоливи.

Вака подготвените јагоди можете да ги додадете во житарките, овесните каши, печените чоколадни торти или да ги послужите со пудинг во чаша.

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава