Совети и трикови: Направете ги највкусните ќебапи и плескавици за 1 мај

Само 1 ден пред официјално да ја запалите скарата и да почнете со мезе, вреди да се подготвите и да научите неколку нови трикови за уште повкусно месо од лани.

soveti-i-trikovi-napravete-gi-najvkusnite-kebapi-i-pleskavici-za-1-maj-01.jpg

За добрите ќебапи и плескавици пресудно е доброто месо. Покрај тоа, еве што е неопходно:

Како и колку да го мелете месото?

Месото треба да биде измелено 2 пати, така што ако имате машина за мелење, добро би било сами да го направите тоа. Пред да го сомелете по втор пат, месото би требало да го измесите со раце. Мелењето треба да го направите 1 ден пред да го печете или пржите, односно би требало да преноќи во фрижидер.


Какво месо да одберете?

Што се однесува до типот на месо, постојат многу комбинации. Можете да пробате со јунешно, но вештите месари ќе ви препорачаат да ги направите овие мешавини: 500g јуннешко и по 250g свинско и овчо месо. Или пак, 500g јунешко и 250g свинско месо.

soveti-i-trikovi-napravete-gi-najvkusnite-kebapi-i-pleskavici-za-1-maj-02.jpg

Што уште да додадете?

Никогаш немојте да ја заборавите солта и ситно мелениот бибер, а другите зачини може да ги додадете по вкус. Добар предлог е магдоносот во прав, исто како и лукот и кромидот. Наша препорака е да додадете (2% до 5% од целокупната смеса) ситно сечкан кромид.

Некои мајстори додаваат и малку презла, односно ситно мелен леб, за месото да има подобра текстура.


Уште неколку трикови

Во дел од месото можете да додадете чадена сланина за подобар мирис или малку везена пиперка, ако сте љубител на лутиот вкус.

Ќебапчињата најдобро е да ги обликувате со раце, претходно добро намачкани со масло.

Втор начин е месото да го ставите во подебела кеса, а потоа да направите мало дупче. Стиснете ја кесата и ќе видите како ќебапите ќе добијат совршен облик, баш како кога сакате да добиете совршена линија шлаг пена.

Додека го печете месото задолжително ставете малку маслиново масло и гранче рузмарин, за подобар шмек. Исто така гранчето рузмарин може да го ставите во маслото, да отстои неколку часа, па плескавиците и ќебапите да ги премачкате додека се печат. Така ќе добијат совршена, крцкава кора.

soveti-i-trikovi-napravete-gi-najvkusnite-kebapi-i-pleskavici-za-1-maj-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава