Сакате рамен стомак до лето? Јадете ги овие 10 намирници

До рамен стомак не се доаѓа исклучиво преку напорните физички вежби, туку и храната игра голема улога...

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-1

Ако сакате на плажа да се пофалите со витко тело, тогаш започнете уште денес да консумирате од овие здрави намирници и олеснете си го патот до рамниот стомак:

1. Павлака без масти

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-1-

Совршена ужина во било кое доба од денот е токму павлаката без масти. Таа содржи големо количество на протеини и со нејзиното консумирање подолго време ќе останете сити. Направете си вкусен десерт, додајте овошје во неа и уживајте во вкусовите.


2. Боровинки

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-2

Нискокалорични, богати со витамини и што е најважно, тие ја забрзуваат работата на цревата. Секој ден јадете по една чаша боровинки или правете си свеж сок од нив.


3. Јајца

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-3

Доколку тренирате или се занимавате со некоја физичка активност, тогаш на вашето мени треба да се најдат јајцата. Најдобро е да ги консумирате за појадок, бидејќи ќе ве држат сити во текот на целиот ден.


4. Апетисани

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-4

Доколку доцна навечер ви се грицка нешто, заситете се со ореви, лешници или бадеми. Со помош на овие апетисани најбрзо ќе стигнете до рамен стомак и ќе го стабилизирате нивото на шеќер во крвта.


5. Риба

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-5

Рибата е богата со Омега 3 масните киселини и со нејзиното редовно консумирање го забрзувате метаболизмот, што значи килограмите побрзо исчезнуваат. Практикувајте консумирање на риба барем 2 пати неделно.


6. Соја

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-6

Сојата ќе ви помогне да го исчистите организмот од токсини, но и ќе ве држи сити подолго време поради високото количество на протеин кој таа го содржи. Купете готов соја сос или пак набавете зрна соја, кои можете да ги додавате во супа или во свежо исцедени сокови.


7. Јаболко

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-7

Сигурно ќе се согласите дека јаболката се најмагичните овошја кои постојат. Овие вкусни овошки не само што ќе ве држат сити во текот на целиот ден, туку и доколку секое утро јадете по една вашиот стомак ќе стане рамен за кратко време.


8. Зелена салата

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-8

Идеално е пред секој ручек или оброк да јадете една чинија зелена салата, бидејќи таа е најдобар зеленчук кој ќе ви помогне да го израмните стомакот.


9. Киноа или „златното зрно”

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-9

Можете да ја пронајдете во продавниците за здрава храна, а има сличен вкус на интегралниот ориз. Зрната киноа се користат како замена за оризот и тие се богати со протеини и влакна, а можете да ја користите како додаток со рибата, пилешкото или во салатата.


10. Авокадо

sakate-ramen-stomak-do-leto-jadete-gi-ovie-namirnici-10

Авокадото ќе ви помогне за многу кратко време да уживате во својот рамен стомак. Богато е со хранливи материи, ги топи мастите, а совршено се вклопува во пилешка салата.

Би можело да ве интересира:

10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg