Вкусни трикови кои ќе ви помогнат да направите совршено ладно кафе

Инстант кафе, мраз и малку млеко - задолжителни додатоци за совршено утро или прекрасно попладне со пријателите.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-001.jpg

Но, понекогаш убавината лежи во необичноста. Наместо секогаш да служите и пиете стандардно подготвено кафе, пробајте да ги зачините работите.

Ова се неколку трикови со кои уште повеќе ќе уживате во зависноста од кофеин:

1. Направете сладолед од кафе

Подгответе инстант кафе и замрзнете го во калапи за сладолед или пластични чашки. Секогаш може да додадете малку крем, слатка павлака или млеко.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-01.jpg


2. Пробајте тоник - кафе

Наполнете една чаша со кисела вода до половина, а потоа ставете многу мраз. Одозгора истурете една мала чашка еспресо и гледајте како пред очи ви се меша совршено кафе.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-02.jpg


3. Направете коцки мраз со вкус на кафе

Инстант кафето кое ќе ви остане, истурете го во калапи за мраз и замрзнете. Кога немате време или само сакате да го зајакнете вкусот на кафето, додадете неколку коцки замрзнато кафе и прелијте со вода или млеко.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-03.jpg


4. Пробајте виетнамско кафе

Наполнете ја чашата до половина со кафе по вкус, ставете мраз, а одозгора прелијте неколку лажици кондензирано млеко. Кондензираното млеко може да го најдете во поголемите маркети спакувано во конзерва или да го направите сами.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-04.jpg


5. Превртете го наопаку

На дното на чашата во која планирате да го послужите кафето ставете засладен шлаг, а потоа замрзнете го 10-15 минути. На крај додадете го кафето со многу мраз.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-05.jpg


6. Додадете млечни коцки

Овој пат наместо да замрзнете кафе, во калапи за мраз ставете слатка павлака или млеко. По желба, може да додадете малку шеќер или зачин како цимет.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-06.jpg


7. Направете пена

Ставете малку млеко во шејкер за кафе или обична стаклена тегличка. Протресете неколку минути, па отворете. Можете да го истурите млекото заедно со пената или само да ја одвоите пената со лажица, па да ја повторите постапката за уште неколку кафиња.

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-07.jpg


8. Пробајте и желе со вкус на кафе

vkusni-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-napravite-sovrseno-ladno-kafe-08.jpg

Рецептот е следниов:

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба) Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg