Не мора да се откажувате од благото, шеќерот можете да го замените со засладувачи

Се одлучивте на поздрав живот и да намалите некој килограм? Потребно ви е како за почеток да го скратите шеќерот. Не се плашете постојат намирници кои можат да ви ги засладат оброците и да бидат одлична замена за рафинираниот бел шеќер.

ne-mora-da-se-otkazuvate-od-blagoto-shekjerot-mozete-da-go-zamenite-so-zasladuvaci-01.JPG

Што е најважно, секојдневно ќе примате и доза здравје ако се одлучите шеќерот да го замените со мед или јаворов сируп или секако ако не сте љубител на овие слатки производи, да одите со приордниот засладувач стевија.


1. Мед

Наместо да се одлучите за белиот рафиниран шеќер, можете да посегнете по медот и на тој начин да ги засладите оброците и напитоците.

Познато е дека медот има антисептичко, антибактериско и антиоксидантно дејство па многу често порано се користел дури и како лек. Според хемискиот состав малку се разликува, но токму тоа го прави подобра и поздрава замена за шеќерот.

ne-mora-da-se-otkazuvate-od-blagoto-shekjerot-mozete-da-go-zamenite-so-zasladuvaci-1.jpg


2. Сол

Можеби ова ви звучи чудно и неверојатно, но вистината е дека капка сол може голем број на намирници или јадења да ги направи послатки, особено свежото овошје како што е дињата.

Така ако свежото смути ви се чини дека не е доволно благо не мора веднаш да посегнете по шеќерот. Пробајте малку да го посолите.


3. Млечни производи

Млечните производи се еден пакет од калциум и шеќер. Не станува збор за рафиниран шеќер туку за млечен. Доколку добро ја варите лактозата, слободно можете да започнете со употреба на млечните намирници како природни засладувачи на оброците.

На овој начин го збогатувате вкусот на оброците и им давате нота на слаткост.


4. Моркови

Природниот шеќер кој се наоѓа во морковите е сосема доволен да го засладите оброкот и секако да добиете корисна доза на бета каротен и витамин А. Очите ќе ви бидат благодарни во секој случај.

ne-mora-da-se-otkazuvate-od-blagoto-shekjerot-mozete-da-go-zamenite-so-zasladuvaci-2.jpg


5. Јаворов сируп

Ова е додаток во исхраната кој им е омилен на Американците. Покрај тоа што е хранлив, овој производ се препорачува и за детоксикација и слабеење.

Пробајте шеќерот за утринскто кафе да го замените со капка јаворов сируп. Покрај слаткоста кафето ќе добие и еден посебен специфичен вкус и доза здравје.

ne-mora-da-se-otkazuvate-od-blagoto-shekjerot-mozete-da-go-zamenite-so-zasladuvaci-3.jpg

6. Јаболка

Пирето од јаболка може секогаш да биде добра замена за шеќерот во колачите и слатките.


7. Стевија

Во последно време многу се говори за овој природен засладувач кој е дури 300 пати појак од шеќерот.

Така, доколку не сте љубител на медот, јаворовиот сируп или јаболките секогаш можете да го употребувате екстрактот од стевија кој се смета за најздрав засладувач.

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава