Како бојата на намирниците влијае на нас?

Жолтата боја не прави поздрави и повесели, а црвената боја не прави понервозни. Се покажало дека бојата на храната која ја консумираме секојдневно влијае на нас.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-01.jpg

Овошјето и зеленчуците не се тука само за нашата убавина. Секако нивната најважна функција е во нивната хранлива вредност.

Од друга страна пак, добро познато ни е дека боите имаат особено психолошко значење за нас и влијаат на нашето расположение.

Така станува јасно дека бојата на намирниците кои секојдневно ги консумираме ќе влијае на нашето расположение, но ова влијае не застанува само тука. Самата природа се погрижила преку бојата на плодовите да ни укаже на тоа каква хранлива вредност имаат намирниците кои ги јадеме.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-1.jpg

Погледнете кои се благодетите кои ги носат боите на намирниците.


1. Црвена

Црвената боја од една страна како резултат на нејзиниот интензитет може да поттикне чувство на непријатност и нервоза, но од друга страна пак: го забрзува метаболизмот, ни го чува видот, го одржува срцето здраво, помага при јакнењето на меморијата и го одржува имунитетот.

Намирниците кои се со црвена боја потребно е да се консумираат умерено.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-2.jpg


2. Зелена

Зелената боја е бојата на природата и во нас поттикнува смиреност и опуштеност. Зеленилото во вашата чинија ќе ви донесе смирување и забавување на ритамот. Зелената боја ќе ви помогне во борбата и превенцијата на ракот.

Внимавајте, влијае на забавувањето на метаболизмот.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-3.jpg


3. Портокалова

Се вели дека портокаловата боја е боја на виталноста и не е тешко да се верува во оваа реченица ако се земе предвид дека намирниците кои ја поседуваат оваа боја се богати со витамини и го одржуваат нашиот имунитет.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-4.jpg


4. Жолта

Оваа боја умее да ве направи погладни, но овошјата и зеленчуците кои ја поседуваат оваа боја добро де да се консумираат бидејќи не штитат од стресот и од болестите кои може да резултираат од него.

Жолтата боја ја враќа силата на организмот и го забрзува регенерирањето.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-5.jpg


5. Виолетова или сина

Овие намирници го одржуваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од инфаркт. Ова е боја кој исто така не заштитува и од уринарни инфекции.
Очигледно е дека е добредојдена во нашите чинии.

kako-bojata-na-namirnicite-vlijae-na-nas-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава