Зачинете ја својата љубов преку храната

Историски гледано имаме една огромна колекција на фолклор, митологија и суеверија поврзани со сексуалната природа на храната. Ако погледнеме убаво, ќе откриеме дека поголемиот дел од јадењата се претставени како афродизијаци во различни периоди од историјата.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-01.jpg

Да, поврзувањето и има смисла на одредено ниво – јадењето како основна потреба истовремено нераздвојна од задоволство при таквиот чин, создава одредена точка на возбуда.

Додека повеќето од афродизиските митолошки приказни се поврзани со одредена симболична боја или форма на храната, одредени видови храна навистина имаат својства кои стимулираат поедини центри за задоволство во мозокот. Еве неколку такви. Пробајте и видете дали ќе предизвикаат некоја искра кај вас.

Тартуфи

Легендарниот афродизијак од античкиот Рим, тартуфите, се сè уште едни од најценетите состојки во кулинарскиот свет. Нивниот вкус е многу позначаен од нивната реткост. Се смета дека мирисот на тартуфот го реплицира мирисот на машкиот фермон андростенон.

Така на пример овие ценети печурки биле забранети за продажба околу џамиите во арапскиот свет, од страв да не го расипат моралот на добрите Муслимани. Иако е аромата на тартуфите, таа кој ги придвижува мажите и жените, сепак тоа не е единствениот атрибут кој придонесува за нивната огромна репутација.

Нивната реткост и кратка сезона ги сместува помеѓу најексклузивните, луксузни продукти во кулинарскиот свет. Притоа се многу богати со протеини што придонесува за добра потентност и издржливост.

И белиот и црниот тартуф се сметаат за афродизијаци, но дали поради неговата реткост, се вели дека црниот има поголема концентрација на афродизијачки својства.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-1.jpg

Венето предлог: Таљатели во тартуф сос (паста, вргањ, хопла, масло од тартуфи)

 

Чоколадо

Низ историјата чоколадото имало многу улоги, но најчесто како симболичен афродизијак. Зрната какао, изворот на чоколадото, расте на Theobroma какао дрва, што во превод значи „храна на боговите“.

Ацтеките и Маите ги користеле зрната како еден вид на платежно средство. Маите биле познати по тоа што разменувале зрна од какао за една страствена ноќ во бордел, додека ацтечкиот крал Монтезума конзумирал и до 50 шољи чоколадо со цел да ги задоволи многуте свои жени.

Но, кои се состојките кои го прават чоколадото толку моќен афродизијак?

Според одредени научници тоа се фенотиламинот и триптофанот. Првиот е стимулант кои се ослободува во мозокот во моментот кога ќе се заљубиме, додека вториот помага во прозиводството на серотонин, хемикалија која се поврзува со расположенијата и сексуалното возбудување.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-2.jpg

Венето предлог: Топло ладно

 

Мед

Не е тешко да се разбере зошто медот бил сметан како афродизијак со векови. Дури и зборот меден месец се поврзува со него како желба за добар брак.

Некои велат дека медот својата романтична репутација ја добил од еден антички обред во кој нововенчаните млади пиеле медовина сè до првата месечина од нивното стапување во брак. Според една стара француска приказна, убодот од пчела бил како директно вбризган афродизијак.

Медот содржи бор (хемиски знак B), кои делува на регалуција на хормонските нивоа, и азот монооксид, кој се испушта во крвта кога сме возбудени. Исто така е симбол на плодност во одредени култури.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-3.jpg

Венето предлог: Шпански прсти (сос од мед и сенф, слатко лут сос, цезар дресинг, лимон, пилешки стек)

 

Смокви

Смоквите, чии што листови биле облека во библиската сторија за Адам и Ева, се полни со антиоксиданти, флавоноиди и калиум. Тие се врвот во сензуалната храна, многуте семки кои ги содржат се поврзуваат со плодност додека нивните лисја се поврзуваат со скромност.

Се смета дека биле омиленото овошје на Клеопатра, овој еротски оформен плод се поврзува со сексуалноста во речиси сите култури. Во стара Грција, се сметало дека биле симбол на љубовта, и собирањето на секој нов насад се прославувало со одреден ритуал.

Пробајте ги во комбинација со мед за незаборавна афродизиска сензација.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-4.jpg

Венето предлог: Салата „Венето“ (рукола, свеж целер, пармезан, маслиново масло, оцет балсамико,крем балсамико, свежи смокви, чипс од говедска печеница,горгонзола)

 

Јагоди

Јагодата во форма на срце своевремено била позната како симбол на Венера, римската божица на љубовта. Во одреден период старите Грци ја забраниле јагодата како и сите останати црвени јадење, што довело до мислње дека овие овошки имаат мистериозна моќ.

Но, иако не поседуваат никакви магични својства, тие содржат антиоксиданти и фитохемикали кои помагаат да се намали воспалувањето на зглобовите.

Прекрасната боја, сладок вкус и форма ги прават перфектни за делење со вашите сакани. Ако налетате на дупла јаготка поделете ја со некој вам посебен... постои легенда која ветува дека ќе ви донесе вистинска љубов.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-5.jpg

Венето предлог: Еспуме од јагоди

 

Школки

Школките се најверојатно храната која е најмногу претставувана како афродизијак, така што многумина се запознаени со нивната карактеристика дека ја зголемуваат сексуалната желба.

Уште одамна имало верување дека конзумирањето на свежи мекотели, особено школки влијае на зголемување на либидото. Ова е така првенствено поради производството на цинк, но и две значајни аминокиселини кои имаат улога врз регулација на хормоните поврани со сексот.

За една вистински романтична вечера пробајте школки со добро оладена чаша шампањ.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-6.jpg

Венето предлог: Шпагети „Кон вонголи“ (шпагети со школки вонголи, провансалски сос, лук, бело вино)

 

Индиски ореви

Индиските ореви се едни од највкусните јаткасти растенија во светот. Нивното латинско име е Anacardium occidentale, и дрвата најчесто медицински се користат преку нивните лисја, гранка и плод.

Индиските ореви би морало да бидат сварени или испечени пред да се конзумираат за да им се отсрани токсичниот дел. Претставуваат популарен афродизијак и се смета дека делуваат на зголемување на либидото. Состојките како магнезиум и калиум ги праваат корисни и во останати ситуации, како намалување на треска и нискиот крвен притисок.

zacinete-ja-svojata-ljubov-preku-hranata-7.JPG

Венето предлог: Пилешки стек во сос од индиски ореви (варен ориз, пилешки стек, сос од индиски ореви и ѓумбир, бабура)

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg