5 навики за здраво и сигурно губење на килограмите

Кога доаѓа времето за намалување на килограмите и топење на вишокот на масни наслаги најголемиот дел од луѓето обично паничат и не знаат со која диета да започнат, но постои начин како можете да ослабете.

5-naviki-za-zdravo-i-sigurno-gubenje-na-kilogramite-01.jpg

Потребни ви се само неколку едноставни постапки:


1. Јадете бавно

Голем број на луѓе попладневниот оброк го јадат за само неколку минути, но брзото јадење е проблематично. На овој начин јадете многу повеќе храна одошто ви е потребно, бидејќи желудникот сè уште нема време да испрати информација дека е полн.

Истражување направен од страна на Универзитетот во Роуд Ајленд открива дека оние кои јадат брзо, внесуваат 55% повеќе храна од оние кои јадат бавно.

Забавувањето ќе ви помогне да имате предвид колкава количина на храна сте внеле во организмот и кога сте го задоволиле гладот.

Одвојте најмалку 15 или 20 минути за оброците и џвакајте мудро.


2. Јадете до 80% од ситоста

Дали знаете во што лежи тајната на витката става на Јапонците? Тие јадат додека почувствуваат дека веќе не се гладни, односно престануваат малку пред да се чувствуваат сити.


3. Склопете го целиот оброк

Крофна сега, за 15 минути сте грицнале по некоја грицка. Потоа сте земале едно залче од оброкот кој се готви и на крајот од денот веќе не сте ни свесни што сè сте внеле во организмот.

Токму затоа најдобро е целата храна која планирате ја да консумирате тој ден да ја ставите во една чинија и да не излегувате надвор од таа чинија. Така ќе имате целосен увид во количината на внесени јаглехидрати, протеини и масти кои ги внесувате.


4. Научете кога треба да внесувате јаглехидрати

Најдобро време за консумирање на јаглехидрати е по тешкиот тренинг кога вашиот организам има изгубено голем дел од енергијата.

Во секој случај најдобро е тестенините и лебот да ги замените со ориз, бидејќи тој содржи повеќе протеини и побргу ќе ве засити од другите производи кои содржат јаглехидрати.


5. Зголемете го внесувањето на протеини

Протеините го забрзуваат метаболизмот, го контролираат гладот и ви помагаат во градењето на мускулната маса.

Луѓето кои јадат протеини многу повеќе можат да издржат со диети и успешно да ги намалат килограмите во период од година дена.

Внимавајте количината на внесени протеини во еден оброк не смее да биде поголема од една рака.

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg