Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што не треба да ставате во микробранова?

Микробрановата печка е од голема помош кога станува збор за затоплување на јадењето. Но, постојат некои работи кои не треба да ги ставате во неа.

shto-ne-treba-da-stavate-vo-mikrobranova-001.jpg

Освен ако не сакате да чистите со часови, избегнувајте ги овие работи:

1. Јајца и овошје

Доколку сте пробале да ги ставите во микробрановата, тогаш знаете дека крајниот резултат е катастрофален. Тоа е така затоа што за време на варењето во микробранова се згоелмува волуменот на јајцето доаѓа до пукање.

Истото се случува ако ставите неизлупено овошје, па освен ако не сакате да ја чистите микробрановата со денови, тогаш подобро не ги ставајте внатре.

Прескокнете го јајцето, а овошјето излупете го и исечкајте го.


2. Хартиени кеси

Подготовката на пуканки во микробранова е брза и практична, а хартиената кеса т.е. пакувањето не е како обичната хартиената кеса. Всушност, обичните хартиени кеси – како оние во кои се пакуваат пекарски производи, се направени од хартија која е третирана со хемикалии и лепак.

При загревањето доаѓа до токсично испарување, а ако предолго загревате на висока температура хартијата може дури и да се запали.


3. Масло

Загревање на чистото масло во микробранова може да биде многу опасно. Печката функционира по принципот на испраќање електромагнетни бранови низ честички вода кои почнуваат да вибрираат и да се загреваат.

Маслото не содржи вода – што значи не може да се загрее во микробранова, која притоа може да се расипе.

Од друга страна, путерот содржи одредена количина вода, па затоа тој лесно се топи.


4. Метал

Без разлика дали зборуваме за лажичка, виљушка, нож, чинии или шолји со сребрени украси или алиминиумска фолија, правилото е исто – не ги ставајте во микробранова.

Металот за време на загревањето испушта искри. Тоа може да ја запали храната и амбалажата, плус да ја расипе микробрановата.

Совет плус: Ако сакате микробрановата да ви трае што е можно подолго, не ја вклучувајте ако е празна. Иако звучи банално, доволно е само едно притискање на копчето за да ја прегорите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Суплементи со кои ќе останете фит и по 45-тата година, според тренерот на Рајан Рејнолдс Омега 3 масни киселини за регулирање на триглицеридите како и креатин за енергиј...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...
Чоколадото „ангелска коса“ е новиот хит по „Дубаи“ – полнето е со шеќерна волна и ф'стак, чини 20 ев... Белгиското чоколадо кое се вика „ангелска коса“ внатре е полнето со шеќерна волн...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
10 трикови со кои ќе фрлате помалку храна (и ќе заштедите) Ако често правите супи и сосови со свежи домати, можете да ги чувате во замрзнув...
Што се микробилки, зошто се корисни и како да ги одгледате сами? Микробилките претставуваат млада верзија на растенија од зеленчуци, семиња и меш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg